јуни 30, 2024

Анализа за влијанието на процесот на пристапните преговори со Европската унија врз говорот на омраза во Република Северна Македонија

Приклучувањето на Македонија кон ЕУ е на агендата за идно проширување на Европската унија од 22 март, 2004 година, кога беше поднесена апликацијата за прием во Унијата.
На 9 ноември, 2005 година, откако Европската комисија одлучи на Македонија да ѝ додели статус на кандидат, на 17 декември, 2005 година, Република Македонија доби статус на кандидат за членство во Европската унија. Земјите членки кои го поминале процесот на приклучување, брзо по доделувањето на кандидатскиот статус ги започнале преговорите за приклучување. Сепак, поради проблеми во надворешната политика, пред сè спорот со името со соседна Грција, почетокот на преговорите за влез на Република Северна Македонија во ЕУ официјално беше започнат на 19 јули 2022 година.

Методологија
Хелсиншкиот комитет за човекови права за потребите на оваа анализа користеш desk reserch од јавни извори за да се истражи и проучи појавата на говор на омраза,  а во контекст на пристапните преговори на РСМ со ЕУ. Ова истражување содржи анализа на
разни медиумски содржини, вклучуваќи вести, текстови, колумни и социјални мрежи, се со цел да се разбере природата и контекстот на говорот на омраза.

Како известувале медиумите за напредокот на државата кон членство во ЕУ во 2023 и 2024 година

Медиумите ги следеа сите процеси и настани поврзани со преговорите на државата за влез во ЕУ. Главно низ секојдневни информации, дебати, колумни и други медиумски форми.

Иако демократијата подразбира различни ставови, она што треба да биде врзивно ткиво и заедничка кауза (interes) на медиумите е ефикасното спроведување на преговарачкиот процес до негово позитивно окончување кое треба да се круниса со членство на Северна Македонија во ЕУ. Појдовната точка е дека граѓаните треба да бидат добро информирани за ЕУ, а медиумите треба да имаат клучна улога во продлабочувањето на дебатата за важноста и за сите позитивни промени и економски можности кои ги носи членството во ЕУ. Медиумите на јавноста треба да ѝ обезбедат објективна, прецизна и фактичка информација за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и за реформите што треба да се спроведат.

Содржините поврзани со оваа тема објавени од медиумите можат да се поделат на вести, дебати и колумни.

Дали имаме доволно инфoрмации за тоа што значи ЕУ, кои се придобивките од членство на државата во Унијата, нема дебати кои значат подлабоко навлегување во односите на Северна Македонија  со ЕУ и пристапните, кои се поглавјата и што значи тоа за државата.

Документи