јануари 24, 2020

Анализа за обезбедена правна и параправна помош на текстилните работнички во периодoт 2017 – 2019

Хелсиншкиот комитет за човекови права со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, го спроведува проектот “Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување”, чија цел е да ги превенира и намали прекршувањата на работничките права на текстилните работнички преку нивно правно зајакнување и да го зајакне самозастапувањето на текстилните работнички. Една од компонентите на овој проект е издавање на анализа за обезбедената правна и параправна помош во проектниот период. Оваа анализа има за цел да даде информации за дадената бесплатна правна и параправна помош и подобрувањето на пристапот до правда на текстилните работнички во периодот јануари 2017 – декември 2019. Во анализата се презентирани статистички податоци што се однесуваат на вкупниот број регистрирани случаи на прекршување на работничките права и бројот на опфатени текстилни работнички со бесплатната правна и параправна помош. Анализата го прикажува и бројот и видот на постапките кои биле иницирани за заштитата на работнички права на текстилните работнички и одговорите на институциите по истите. Дополнително, во анализата се прикажани и активностите за информирање, подигање на свест и правно зајакнување на текстилните работнички. На крајот на анализата е прикажан и краток наративен дел за меѓународното самозастапување на текстилните работнички пред Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW).

Документи