март 21, 2018

Анализа на состојбата на жените во рурални средини, повеќе пречки отколку можности

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот ,,Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите” поддржан од Британската амбасада во Македонија, подготви Анализа на состојбата на жените во рурални средини, повеќе пречки отколку можности.

Анализата покажува каде во моментов се наоѓа Република Македонија во однос на формално правните достигнувања во воспоставувањето на родовата рамноправност, а истовремено, преку идентификување на проблемите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат руралните жени во процесот на остварување одредени права, покажува во колкава мера постоечките законски решенија, политики и практики им овозможуваат на овие жени еднаква достапност до образование, социјална и здравствена заштита. Воедно анализата дава препораки во кои области треба да се направат промени, на кој начин и во која насока тие треба да се движат.

Документи