септември 24, 2018

10+1 прашања и одговори за македонското прашање

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ја објави на македонски јазик книгата ,,10+1 прашања и одговори за македонското прашање’’ од грчките интелектуалци Костис Карпозилос и Димитрис Христопулос.

„Опсесивните идеи на национализмите, по природа, живеат во услови на непријателство, но и на сојузништво: едниот национализам функционира со зајакнување на другиот, за да може убедливо да се повика на својата закана, за да може да ги моделира интроспекцијата и вербата во „сопствените“ вистини. Вистини што само тој ги знае и ги разбира… Единствени и очигледни. Најчесто убиствени „вистини“, меѓутоа лабави, изградени врз митови“, вака пишуваат авторите во воведот на книгата, која демистифицира и дава објективен приказ на митовите и вистините кои се преплетуваат скоро три децении околу овој спор, и кои наместо мостови за соработка и прогрес, изградија нитки од омраза и нетрпение на двете страни.

Документи