Повик за ангажирање адвокат/ка за изготвување тужба од јавен интерес (actio popularis) и стратешко застапување
- Општи информации за проектот
Хелсиншкиот комитет за човекови права го спроведува проектот “Работнички обединете се!”, кој е финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка. Целта на проектот е намалување на родовата, половата и интерсекциската дискриминација врз жените на работните места, преку подобрен пристап до правда во случаи на дискриминација врз жените на работните места, подобрен систем на заштита од дискриминација врз жените на работните места, подобро и зголемено информирање на јавноста за состојбата со дискриминација на жените на работните места и за користењето на заштитните механизми. Една од активностите за остварување на наведените цели е иницирање судска постапка, користејќи тужба од јавен интерес (actio popularis) за системски проблеми, кои опфаќаат најголем број на жени кои се жртви на дискриминација на работните места.
- Опис на ангажманот
Согласно горенаведеното, Хелсиншкиот комитет за човекови права има потреба за ангажирање на адвокат/ка за иницирање и застапување во судска постапка, користејќи тужба од јавен интерес (actio popularis) за дискриминација на жени на работните места.
Ангажманот на адвокат/ката ќе ги вклучи следниве активности:
- Изготвување тужба од јавен интерес (actio popularis) за дискриминација на жени на работните места.
- Иницирање и застапување во судска постапка од јавен интерес за дискриминација на жени на работни места пред сите надлежни судови и институции до исцрпување на сите домашни редовни и вонредни правни лекови и механизми на заштита.
- Изготвување на сите потребни правни акти и писмена во текот на постапките пред сите надлежни судови и институции до исцрпување на сите домашни редовни и вонредни правни лекови и механизми на заштита.
- Постојана координација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
- Времетраење на ангажманот
Времетраењето на ангажманот започнува од 15.03.2020 година и ќе трае до 31.01.2021.
- Потребни квалификации
Условите и критериумите за пријавување на овој повик се следните:
- Поседување активна адвокатска лиценца
- Искуство од најмалку 3 години на судско застапување во областа на дискриминација.
- Познавање на релевантна меѓународна легислатива од областа на дискриминацијата (CEDAW, CESCR, ICCPR, Истанбулска конвенција и сл.)
Како предност ќе се смета:
- Работно искуство во здруженија на граѓани.
- Искуство во соработка со здруженија на граѓани во стратешко застапување.
- Поминати тренинзи и обуки за недискриминација.
- Надомест за ангажманот
Вкупниот бруто надомест за ангажманот изнесува 1.600 евра во денарска противвредност согласно курсот одреден од страна на донаторот на денот на исплатата. Од овие средства адвокат/ката, освен преземање на сите правни дејствија, ќе ги надомести и сите административни, судски и адвокатски трошоци во постапките за кои ќе биде ополномоштен/а да презема правни дејствија.
- Начин на пријавување
Заинтересираните за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на македонски јазик на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk во копија igor.jadrovski@mhc.org.mk, со назнака „Aдвокат/ка за изготвување тужба од јавен интерес (actio popularis) и стратешко застапување “ најдоцна до 06.03.2020 година.
За сите дополнителни прашања можете да се обратите во канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија или на (2) 311 9073 и/или до наведените мејлови.
_____________________________________________________________________________
Овој проект е финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка