Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Северна Македонија (II)

Целта на проектот е да се зголеми продуктивноста на работниците во Северна Македонија преку подобрување на законската рамка за работни односи. Проектот ќе обезбеди сеопфатен преглед на сегашната состојба, вклучувајќи мерење на степенот на сатисфакција на граѓаните од заштитните механизми против дискриминацијата и повредите на работнички права, а од друга страна ќе даде препораки за унапредување на законската рамка во согласност со меѓународните стандарди. Дополнително, проектниот тим ќе врши мониторинг на инспекцискиот надзор и постојано ќе ја информира јавноста за состојбата со работничките права со што ќе придонесе кон покренување на јавната свест за пристапот до услуги за заштита на работничките права. Исто така, проектот ќе обезбеди правна помош за жртви на прекршување на работничките права во најмалку 120 случаи со цел да се подобри пристапот до правда на работниците.

 

Донатор: Фондот за добро владеење на Велика Британија
Временска рамка: 15.04.2019 – 31.03.2021