Кон безбедна, стимулирачка и рехабилитирачка околина за деца во судир со законот во воспитно-поправните домови во Албанија, Косово и Македонија (2017 – 2021)

Проектот е имплементиран од страна на Холандскиот Хелсиншки комитет во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Албанскиот Хелсиншки комитет и Косовскиот центар за рехабилитација на жртвите од тортура.

Хелсиншкиот комитет е партнер во имплементирање на регионален проект со цел да се придонесе кон реформирање на затворскиот систем во Албанија, Косово и Македонија, преку подобрување на можностите за децата во судир со законот кои издржуваат мерка во воспитно-поправните домови за нивно успешно реинтегрирање во општеството. Во рамките на проектот, активностите предвидуваат запознавање со официјални работни методи за персоналот во установите и интегрирање на овие методи во официјалните политики и наставните програми во образовните установи, а во исто време, зајакнување на капацитетите на затворскиот персонал и менаџмент и претставниците на Министерствата за правда во сите три земји.

Донатор: Министерството за надворешни работи на Холандија
Временска рамка: мај 2018 - мај 2022