мај 10, 2019

Правата на бегалците, мигрантитe и барателите на азил во Република Македонијa, Годишен извештај за 2018

Овој извештај е подготвен во рамките на проектот „Помош на рутата – обезбедување заштита на бегалците и мигрантите што транзитираат низ Македонија и Србија“, поддржан од Европската унија, а имплементиран од страна на Фондацијата „Ана и Владе Дивац“ од Србија, во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Новосадскиот хуманитарен центар и Здружението на самарјански работници (ASB) – Србија. Една компонента од проектот претставува поврзувањето на 24 граѓански организации од Македонија и од Србија во мрежа за регистрирање на прекршувањата на правата на бегалците и мигрантите1 и обезбедување на нивна поголема заштита, во која, покрај четирите партнерски организации-имплементатори, учествуваат и пет граѓански организации од Македонија и 15 од Србија.

Документи