април 17, 2019

Месечник за криминалот од омраза – март 2019

Во март 2019 година регистрирани се 17 инциденти од омраза, од кои еден е поради верска припадност и религија, а сите останати се сторени поради етничка припадност. Најголемиот број се случиле во Скопје и околината, два инциденти имало во Тетово и еден во Гостивар. Во значителен дел од регистрираните случаи, жртви биле деца и лица до 25 години, а најмалата жртва е на десетгодишна возраст.

Документи