февруари 13, 2019

Месечник за криминалот од омраза – јануари 2019

Во jануари 2019 година регистриравме 17 инциденти сторени од омраза по различни основи. Најголем дел од нив ( 58,8%) се мотивирани од различната етничка припадност на жртвите, а 23,5% поради политичка припадност.

После четири години регистриран е еден инцидент од омраза сторен поради сексуалната ориентација на жртвата. Овој случај беше пријавен во полициска станица. Но, иако забележуваме подобрување во пристапот кон жртвата за разлика од претходно, сепак, при известувањето во дневниот билтен на МВР овој инцидент не е регистриран и објавен како инцидент сторен од пристрасност поради сексуална ориентација.

Непостапувањето на надлежните институции после сериозните насилства врз ЛГБТИ заедницата во 2013 и 2014 година ја намалија довербата во институциите. Од тие причини, ваквите инциденти не се пријавуваа ниту кај организациите, ниту кај надлежните државни органи. Затоа, апелираме да се спроведе темелна истрага за овој случај и откривање и санционирање на сторителот, што ќе придонесе за враќање на довербата на ЛГБТИ луѓето во институциите на системот.

Документи