Corner Извештаи

Состојбата на граничните премини Гевгелија и Куманово за периодот 26.09.2016– 02.10.2016 година 07 Октомври 2016

Неделниот извештај за состојбата на граничните премини Гевгелија и Куманово ги опфаќа темите: Просторни капацитети и услови во кампот, Институционално постапување, состојбата во Прифатните центри и Нерегуларната миграција, за периодот 26.09.2016 – 02.10.2016 година и може да се преземе на следниов линк. 

Гевгелија 

Просторни капацитети и услови

На почеток на седмицата, бројот на бегалци во кампот изнесуваше 127, а кон крајот се намали на 122, откако едно семејство е пренесено во Скопје. 

Поради проблеми со струјата, бегалците во кампот неколку дена немаа топла вода за бањање. Дефектот на крај е отстранет и е обезбедена топла вода. 

Институционално постапување

Семејство од Авганистан кое во кампот престојуваше неколку недели поради здравствената состојба на мајката, беше пренесено на грчката страна. 

Четири члено семејство со потекло од Авганистан е пренесено во Безбедносната куќа во Скопје, поради неопходна операција на детето кои има проблеми со стапалото. 

Во текот на седмицата, не беа затекнати и депортирани поголеми групи на бегалци по илегални патишта. 

Куманово 

Просторни капацитети и услови 

Бројот на бегалци во кампот изнесува околу 60 и не е променет. 

Нема значителни промени во просторните усови во кампот. 

Институционално постапување  

Во кампот им се забранува влез на бегалци кои доаѓаат од околината на кампот. Секојдневно се зголемува нивниот број, а тие престојуваат во околните ниви на кампот. Храна не им се обезбедува редовно, туку по инсистирање на организациите и волонтерите на терен и во ограничени денови и количини. 

Атмосферата во кампот е депресивна и монотона. 

Состојба во Прифатните центри во Република Македонија 

Бројот на бегалци сместени во Прифатните центри е недостапен. 

Нерегуларна миграција 

Во текот на оваа седмица, Министерството за внатрешни работи не регистрирало ниту еден кривично-правен настан поврзан со криумчарење мигранти. 


„Овој извештај е овозможен со поддршка од Фондација Отворено Општество- Македонија (ФООМ) во рамките на проектот „Подобрување на правната заштита за мигрантите и барателите на азил во Република Македонија“. Содржината на извештајот е одговорност на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и не ги изразува ставовите на ФООМ“.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo