Corner Извештаи

Состојбата на граничните премини Гевгелија и Куманово за периодот 16.05.2016– 22.05.2016 година 25 Мај 2016

Неделниот извештај за состојбата на граничните премини Гевгелија и Куманово ги опфаќа темите: Просторни капацитети и услови во кампот и Институционално постапување за периодот 16.05.2016 – 22.05.2016 година и може да се преземе на следниов линк

 

Гевгелија 

Просторни капацитети и услови 

Бројот на бегалци во кампот е непроменлив, како и минатата седмица изнесува околу 100. Бројот на бегалци во приемниот шатор пак, секојдневно се менува. 

На 16.05.2016 година, кампот го посети Народниот правобранител на Република Македонија. Тој оствари увид во состојбата во кампот и разговори со најголем дел од организациите на терен. Кампот исто така беше посетен од австриска полициска делегација. 

Хигиената во кампот е на задоволително ниво, но лоши хигиенски услови се забележуваат во шаторот и тоалетите пред кампот. 

Се тампонира патот кој води кон кампот. 

Институционално постапување 

Во текот на оваа седмица, според набљудувањата на Хелсиншкиот комитет за човекови права, кон грчката територија се вратени неофицијално околу 300 бегалци, кои се затекнати на илегални патишта во гевгелиската околина. Меѓу нив, има бегалци со потекло од Иран, Сирија, Авганистан, Пакистан, Мароко и Алжир. 

Куманово 

Просторни капацитети и услови 

Во текот на оваа седмица, бројот на бегалци во кампот е околу 250. 

Ситуацијата во кампот е непроменета и мирна. 

Институционално постапување 

Поради недостаток на информации и постојана неизвесност, бегалците се во лоша психичка состојба. Поради тоа, се случува во кампот да се појават недоразбирања и физички пресметки, за чие разрешување интервенираат организациите присутни на терен.  

Нерегуларна миграција

Во текот на оваа седмица се регистрирани 3 кривично- правни настани поврзани со криумчарење мигранти. Сите настани се случиле во близина на Демир Капија и сите осомничени сторители се фатени на местото на настанот. Притоа, 36 бегалци биле затекнати како жртви на настаните со потекло од Сирија (12), Пакистан (11) и Авганистан (13). Сторителите се приведени во полициска станица и се извршени информативни разговори, додека жртвите се пренесени во Прифатен центар за странци.


„Овој извештај е овозможен со поддршка од Фондација Отворено Општество- Македонија (ФООМ) во рамките на проектот „Подобрување на правната заштита за мигрантите и барателите на азил во Република Македонија“. Содржината на извештајот е одговорност на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и не ги изразува ставовите на ФООМ“.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo