Corner Публикации

Истражување за разбирањето и познавањето на граѓаните на човековите права 26 Февруари 2015

Извештајот содржи опис на методологијата и процедурата користена  во  спроведувањето  на  истражувањето. Истражувањето реализирано во рамки на проектот „Зголемување на транспарентноста и подобрување на владеењето на правото преку следење и известување за прекршувањето на човековите права во Република Македонија“, што го спроведува Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, а е поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија, ги опфаќа: мислењата, сфаќањата и информираноста на граѓаните во врска со човековите права и институциите што се занимаваат со овие прашања и треба да ги штитат овие права. Целта на истражувањето е да се добијат податоци за информираноста на граѓаните за човековите права и за механизмите за заштита при нивно прекршување.

Од деветти до триесетти декември 2014 година, Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, спроведе емпириско истражување на јавното мислење на жителите од осумте региони во Р. Македонија: Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен и Скопски.Во различни фази во текот на истражувачкиот процес (подготовката на инструментите, примерокот, собирањето на податоците, внесувањето на податоците, обработката и нивната анализа) беа вклучени десетмина истражувачи.

Публикацијата можете да ја преземете на следниов link 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo