Corner Публикации

Основните граѓански и политички права и слободи: Анализа на набљудувани судски постапки 15 Јули 2014

Денес, 15 јули 2014 година, од 11:00 до 12:00 часот во Хотел „Арка“ во Скопје, Хелсиншкиот комитет одржа прес-конференција за време на која беше презентирана публикацијата „Основните граѓански и политички права и слободи: Анализа на набљудувани судски постапки за периодот од 01.09.2013 до 30.06.2014“. Истражувањето произлезе од набљудуваните 30 судски постапки, за време на 105 судски расправи, во 11 судови во државата. 

Набљудувањето се одвиваше тематски и се однесуваше на четири области: 1) заштита од тортура; 2) заштита и спречување на дискриминација; 3) слобода на говор и изразување; и 4) судски постапки во кои е повреден принципот на пресумпција на невиност или произлегуваат сомненија за политички или друг вид притисоци врз судската власт. 

Анализата е производ од проектот „Набљудување на судски постапки во областа на основните граѓански и политички права и слободи“, кој беше поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, имплементиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

На прес-конференцијата учествуваа четириесетина претставници на правосудни органи, државни институции, невладини организации и медиуми. За време на настанот се дискутираше за правото на фер судење, од аспект на Правото на безбедност и слобода; Пресумпцијата на невиност; Јавноста на судските постапки; Правото на застапување од страна на бранител;  Правото на независен и непристрасен суд; Еднаквоста на оружјето и товарот на докажување; и Правото на судење во разумен рок.

Анализата е достапна преку следниов линк 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo