Corner Публикации

Помеѓу имплементација и реалност на Националната стратегија за инклузија на Ромите 04 Април 2014

Хелсиншкиот комитет за човекови права поддржан од Амбасадата на Република Германија во Скопје и Иницијатива Отворено општество – Будимпешта го спроведе проектот „Помеѓу имплементација и реалност на Националната стратегија за инклузија на Ромите – Декада на Роми 2005-2015“. Во рамките на проектот беше изготвена и анализа на процесите на имплементација на Националната стратегија за Роми на Република Македонија. 

Публикацијата можете да ја преземете на следниов линк  

Информациите содржани во анализата се темелат на нашата комуникација со институции, невладини организации и локални самоуправи, 11 работилници на локално ниво и неколку посети на ромски супстандардни населби во државата. Констатацииите ги опфаќаат најважните сегменти: домување, вработување, дискриминација и човекови права, социјална заштита, здравство, образование, медиуми, култура, политичка партиципација и жената Ромка и нејзините специфични проблеми. 

Генералниот заклучок е дека целите предвидени во Декадата на Ромите се далеку од остварени и дека државата потфрла во исполнување на сопствените обврски кон припадниците на ромската заедница во Македонија, особено кога станува збор за издвојување на средства од државниот буџет за имплементација на Националната стратегија. Во најголемиот дел од областите, финансирањето зависи од надворешна финансиска помош односно од донации.

Во заклучоците на анализата се појаснети ставовите на Комитетот кои резултираа со уште една соработка во насока на покренување на свеста на државата за постоењето на 3 специфични случаи во областа на домување и тоа во општините Гостивар, Битола и Кочани. Имено станува збор за изработка на кратка документарна емисија посветена на овие три случаи во соработка со Снежана Лупевска и емисијата „КОД“:

 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo