СООПШТЕНИЕ
“Во првите шест месеци од 2010 година, на подрачје на републиката од областа на сексуалните деликти извршени над малолетници, регистрирани се вкупно 41 кривично дело, извршени над 43 малолетници, за што кривично се пријавени 48 лица. Анализираниот период, во однос на истиот од минатата година е забележано намалување на делата за 18%, односно лани беа регистрирани 50 кривични дела каде малолетниците беа објект на напад. Ова пред се се должи на фактот дека во овој период не се регистрирани кривични дела „родосквернавење„ (лани за период од шест месеци беа регистрирани пет вакви кривични дела).
Според видот, најзастапено е кривичното дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години„ -30 дела, пет кривични дела „прикажување на порнографски материјал на малолетник кој не наполнил 14 години„, четири кривични дела „силување„ и по едно кривично дело „задоволување полови страсти пред друг„ и „обљуба врз немоќно лице.[1]“

......................................................................................................................................................................

Јуни - Јули 2010 година

......................................................................................................................................................................

До:
Г- дин Михајло Маневски
Министер за Правда на Република Македонија

......................................................................................................................................................................

......................................................................................................................................................................

Според извештајот, Владата продолжува да ја засилува својата агенда против трговијата со луѓе и за прв пат објави Национален извештај на оваа тема. Во делот на извештајот посветен на Македонија, американската влада наведува дека земјата е извор, транзитна зона и крајна дестинација за жени и деца, присилени на проституција и работа, а кои доаѓаат од Албанија, Бугарија и Косово. Македонските жртви и жртвите кои биле пренесувани низ Македонија, пак, завршувале во Јужна, Централна и Западна Европа.

......................................................................................................................................................................

Извештај на Европската комисија за борба против расизам и нетолеранција за Република Македонија

Европската комисија за борба против расизам и нетолеранција денес  го објавува  својот нов извештај  во однос на  расизмот , расната  дискриминација и нетолеранција та  во поранешна  југословенска  република Македонија. ЕКРН се осврнува на  напредокот кој е постигнат од објавувањето на последниот извештај за поранешната   југословенска  република Македонија, но исто така  ги идентификува и областите  во кои е потребно  да се работи на подобрување  на сегашната состојба.

Извештај (PDF)

......................................................................................................................................................................

......................................................................................................................................................................

Правата на психијатриски пациенти е тема на голем интерес и контроверзни заклучоци, како во домашната така и во светската јавност. И покрај значајниот законски, клинички, и етички напредок во оваа област, на оваа тематика многу малку истражувања се спроведени во Македонија. Во тој контекст Македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права во рамките на неговите континуирани напори за промоција, почитување, унапредување и заштитата на човековите права, согласно со неговиот мандат на почетокот на месец Март 2010 година, повторно[1] изврши мониторирање на трите државни психијатриски болници во Македонија, и тоа ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје” – Скопје, ЈЗУ Психијатриска болница „Демир Хисар” и ЈЗУ Психијатриска болница „Негорци”.

......................................................................................................................................................................

......................................................................................................................................................................

Реакција на соопштениeто за јавност од МПЦ–ОА од 11.03.2010 [1]
Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија реагира на соопштението за јавност на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) од 11.03.2010 година, кое ги нарушува човековите права на одредени групи граѓани во Република Македонија, ја зголемува стигмата кон нив присутна во општеството и спротивно на основното учење кое го проповеда оваа институција, шири омраза и ја презема улогата на судија.

......................................................................................................................................................................

Стејт Департментот ги објави Извештаите за почитување на човековите права за земјите во 2009.  Извештајот игра важна улога во напорот на САД за промовирање на почит кон човековите права насекаде низ светот и има за цел да ги зголеми напорите, на светско ниво, за ставање крај на злоупотребата, за зајакнување на капацитетите на државите за заштита на човековите права на сите, и истакнување на оние држави кои не се придржуваат до меѓународните стандарди за човекови права. Извештајот кој се однесува на извештаите за сите држави за 2009 вклучува проширено известување за условите во затворите и широк преглед на дискриминација против лицата кои се идентификуваат како хомосексуалци, бисексуалци, и транссексуалци.

......................................................................................................................................................................

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
8 Март, Светски ден на правата на жената и меѓународниот мир
Меѓународниот ден на жената, 8 Март е ден со кој се прославува борбата на жената за нејзините права, за нејзино еднакво учество во политичките, економските и социјалните процеси. Одбележувањето на овој ден започнува во далечната 1910 година кога на втората меѓународна конференција на жените социјалистки одржана во Копенхаген и на иницијатива на Клара Цеткин се донесе одлуката овој ден да се празнува во чест на демонстрациите на жените ширум светот во 1903, кои се одржаа со мотото „Борба за општо право на глас“.

......................................................................................................................................................................

Порака по повод 10 декември, Денот на човековите права
Обединетите нации овогодинешниот Ден на човековите права го одбележуваат со мотото „Прегрни ја различноста, сопри ја дискриминацијата“. Според ООН глобално милиони луѓе страдаат обидувајќи се да се извлечат себе си од состојба на дискриминација на речи си секој свиок од нивниот дневен живот што заликува на невозможна амбиција. ООН констатира дека последниве дваесетина години трагично сме сведоци на етнички чистења и појави на геноцид, базирани на дискриминирачки идеологии, кои доведуваа до разорувања, изгон и смрт. Каде сме ние?

......................................................................................................................................................................

На 16 ноември, Меѓународниот ден на толеранција, во Скопје се одржа првиот граѓански марш на толеранцијата.

......................................................................................................................................................................

Членот 6 од Европската Конвенција за човекови права предвидува дека “Секој, при определувањето на неговите граѓански права и обврски или кога е кривично гонет, има право на правично и јавно судење во разумен рок, пред независен и непристрасен трибунал основан со закон“.

......................................................................................................................................................................

Прифаќајќи го во целост Обвинителниот акт, Судот ги забиколил фактите кои недвосмислено одат во прилог на обвинетите, а поради фактот дека Јован Андонов и особено Васил Тупурковски се познати јавни личности и подолго време во минатото биле присутни на политичката сцена не може да се одбегне и впечатокот дека целиот случај е политизиран. Со ваквото занемарување на фактите, односно пристрасно прифаќајќи го обвинението, Судот формалноо, на драстичен начин ги повредил основните човекови права на обвинетите, неовозможувајќи им фер судење.

......................................................................................................................................................................

Дури и во сфера каква што е политиката во држава како нашата постои етички минимум под кој не се може.

......................................................................................................................................................................

Порака по повод 26 јуни – Меѓународен ден на ООН за подршка на жртвите од тортура[1]

......................................................................................................................................................................

......................................................................................................................................................................

Заклучоци од Тркалезната маса на тема:
Организирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ на 22. 05. 2009 год. во Хотел „Арка“ Скопје
На тркалезната маса на тема „Новиот Закон за внатрешни работи од аспект на правната држава“ зедоа учество претставници на академските структури, Министерството за правда, судии, адвокати и јавни обвинители, Директоратот за заштита на лични податоци, Собранието на РМ, невладиниот сектор и политичките партии.  Беше оценето дека новиот Закон за внатрешни работи (ЗВР) е особено важен законски проект кој е клучен за заштитата на основните уставни права и слободи.

......................................................................................................................................................................

АНАЛИЗА

Инцидентот кој се случи на 28 март меѓу членовите на здружението „Прва архибригада“ на студентите на Архитектонскиот факултет во Скопје кои под мотото „Не го силувајте градот“ сакаа да ја одржат својата „Прва архитектонска офанзива“ против градбата на црква на централниот скопски плоштад меѓу некогашната Стоковна куќа и ресторанот „Дал мет Фу“  и нивните спонтано организирани неколку пати побројни опоненти кои подготвени ги дочекале на просторот на најавените мирни демонстрации е без сомнение школски пример за кршење на едно од базичните човекови права – правото на собирање и организирање[1]. Настрана тоа што ваквото самоорганизирање е уште една позајмица од времето на растот на ѕвездата на Слободан Милошевиќ – таканаречените „случувања на народот“.

......................................................................................................................................................................

На 23 Март 2009 година претставници на Хелсиншкиот Комитет  извршија посета на Затворот Скопје – Скопје. Цел на посетата беше да се испитаат наводите за постоење на случај на тортура, која се случила на  16 март во 20 часот во затвореното одделение во затворот, каде после смирувањето на меѓусебната тепачка на неколку затвореници, неколкумина надзорници продолжиле непотребно да ги малтретираат затворениците.

......................................................................................................................................................................

......................................................................................................................................................................

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот при Собранието на Република Македонија на 3 февруари 2009 (вторник) требаше да ја одржи својата седница на која според нивниот план за работа беше планирано да се разгледуваат Месечните извештаи на Хелсиншкиот комитет за човекови права за сосотојбата со човековите права во Република Македонија за месец октомври и ноември 2008 година како прва точка на дневниот ред (и „Разно“ како втора). Седницата беше одложена бидејќи мнозинските членови на комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, по втор пат за 5 седници на комисјата, одбија да го усвојат дневниот ред. Овој пат со образложение дека „извештаите на Хелсиншкиот комитет за човекови права за месец октомври и ноември 2008 година се неосновани и не се во насока на заштита на човековите права, а се во насока на ширење чист популизам и предизборен маркетинг на опозицијата за покачување на нивниот низок рејтинг“.

......................................................................................................................................................................

Тркалезна маса
25.11.2008
Анализа на измените на Законот за следење на комуникации и Законот за кривична постапка

......................................................................................................................................................................

Извештај до Владата на Република Македонија за посетата на Република Македонија извршена од Европскиот комитет за превенција на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување

......................................................................................................................................................................

АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА ВО ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
PRESS
28.10.2008

......................................................................................................................................................................

Претпоставуваме дека Хелсиншкиот комитет бил малку збунет

МВР (посредно) реагира на нашето
соопштение „Континуирано
игнорирање на начелото на
пресумпција на невиност“ – својата
реакција ја објавува на сајтот на Министерството и на свој мемеорандум
ја испрака до одделни медиуми.
Заборава да ни ја испрати само нам!

Одговор на Хелсиншкиот комитет на реакцијата на МВР:

Некој е навистина збунет!

Мора да се согласиме дека во целава работа некој е збунет. Комитетот мисли дека тоа е МВР и тоа пореади фактот што во XXI век, во каква-таква демократска држава и при општо прифатени домашни и меѓународни норми за почитување на човековите права и постапување со пријавени лица, МВР, продолжува да произведува интерни забави и циркуски претстави за граѓаните при постапувањето со, повторуваме, само пријавени лица во преткривична постапка, а никако осомничени или осудени.

......................................................................................................................................................................

Хелсиншкиот комитет во контиунитет ги следи случувањата со
приведувањата во последните неколку месеци/последните години[1], и со жалење констатира дека во најголем број на случаи не се почитува
начелото на пресумпција на невиност кое е едно од основните постулати на кривичната постапка заштитено со Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човекови права.

......................................................................................................................................................................

......................................................................................................................................................................

Организирана од Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија заедно со Министерството за внатрешни работи одржана на 24 април 2008 година во Хотел Арка во Скопје

......................................................................................................................................................................

Првите вонредни парламентарни избори во Република Македонија, сега без сомнение може да се констатира, беа и најлошо организираните избори во нејзината историја.

......................................................................................................................................................................

Организација за заштита на децата тврди:

......................................................................................................................................................................

Во 2007 година Народниот правобранител на
Република Македонија работеше по 4.068 претставки во кои се
констатирани 913 повреди на човековите права и слободи. Од нив по 848 интервенции биле прифатени забелешките од правобранителот, истакна на денешната прес-конференција Народниот правобранител Иџет Мемети презентирајќи го Извештајот за работа во минатата година.

......................................................................................................................................................................

В.Д. Претседател на Хелсиншкиот комитет во врска со извештајот за Бродец

......................................................................................................................................................................

Регулирањето на проблематиката за унапредување на правата на детето, во глобални рамки, достигна најголем прогрес во 1989 година, кога Генералното собрание на Обединетите Нации ја усвои Конвенцијата за правата на детето. Оваа Конвенција, прифатена и ратификувана во Република Македонија во 1993 година претставува надградба на Декларацијата за правата на детето од 1959 година, во рекордно време беше прифатена од потребниот број држави членки на Обединетите Нации и влезе во сила само една година по нејзиното усвојување. Иако еден од најшироко прифатените меѓународни инструменти во областа на човековите права, имплементацијата на Конвенцијата, сеуште претставува сериозен проблем во многу земји во светот меѓу кои и во Република Македонија.

......................................................................................................................................................................

Посебни анализи