Corner Волонтери

Волонтери

Ова е драгоцена можност за младите ентузијасти, идните активисти и бранители на човековите права да се стекнат со практично искуство преку волонтерска работа во Хелсиншкиот комитет.

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија е невладина организација со седиште во Скопје. Работата на комитетот е од областа на:

  • - набљудување и известување за состојбата со човековите права
  • - бесплатна правна помош
  • - работа на случаи
  • - превземање правни иницијативи
  • - правни анализи
  • - истражувања
  • - известувања за човекови права
  • - тренинзи, семинари, конференции

Образованието на кандидатите е препорачливо да биде од областа на правните и политичките науки, социологијата или психологијата, кандидатите да имаат базични познавања за меѓународната регулатива за заштита на човековите права и да го познаваат англискиот јазик.

Од волонтерите се очекува да го посветат своето време и ентузијазам како допринос во работата на Хелсиншкиот комитет, што истворемено ќе значи стекнување и проширување на знаења од областа на човековите права во Република Македонија, Европа и на меѓународно ниво, како и  стекнување искуство во работата на невладиниот сектор. Работата на волонтерите ќе вклучува и административна помош, помош во работата на вработените во Хелсиншкиот комитет, набљудување судски процеси и избори, помош при работа на случаи, правни анализи, присуство на семинари, конфернции и тренинзи, вклучување во некои од проектите на Комитетот итн. 

Волонтерската работа е неплатена.

Заинтересираните кандидати можат да испратат свое резиме (CV) на:

helkom@mhc.org.mk

Сегашни волонтери:
1. Гала Насевска
2. Ангела Саплиева

Поранешни волонтери:
1. Љубица Томиќ, Македонија
2. Александра Георгиевска, Македонија
3. Денис Прешова, Македонија
4. Филип Гризо, Македонија
5. Киро Цветков, Македонија
6. Кирил Анчевски, Македонија
7. Дмитри Дементјев, САД
8. Лиселот Хедерик, Холандија
9. Камелија Димитрова, Бугарија
10. Ирена Дуле, Албанија
11. Александра Блажевска, Македонија
12. Кристијан Веизел, Германија

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo