Corner Поднесоци

Програма за реформи во вработувањето и социјалната политика 2020 02 February 2017

 Хелсиншкиот комитет до Министерството за труд и социјална политика достави коментари и препораки по објавениот повик за консултации, во врска со објавениот нацрт текст на Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика. Коментарите и препораките дадени од страна на Хелсиншкиот комитет се однесуваат на подобрување на состојбата на лицата со попреченост и Ромите во делот на...

Писмо до Владата на РМ по повод предложените уставни измени 29 September 2014

Почитувани,

Како предлагач на уставните амандмани XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI, XXXVII, XXXVIII и XXXIX, а во согласност со заклучоците на Собранието на РМ од 27 август 2014, ви ги доставуваме нашите забелешки, предлози и сугестии во врска со Нацрт амандманите. 

На 17 септември 2014 година спроведовме јавна расправа* која беше отворена за јавноста, а на која како говорници беа поканети лица за...

Иницијатива до Уставниот суд за Законот за прекинување на бременоста 27 September 2013

Денеска, Хелсиншкиот комитет за човекови права во соработка со доц. д-р Kaролина Ристова-Астеруд, Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Коалиција “Сексуални и Здравствени права на маргинализирани заедници”  и Реактор – Истражување во акција поднесе Иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот...

Иницијатива за оценување на уставноста на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета 03 April 2013

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, Цивил – Центарот за слобода, Здружението на граѓани Контрапункт Скопје, НВО Инфоцентарот, Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), Институтот за слободна мисла НИСМА, Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), Метаморфозис – Фондација за интернет и општество, Коалицијата „Сексуални и...

Претставка до Регулаторната комисија за енергетика 26 September 2012

При анализата на прописите донесени од страна на Регулаторната комисија, Хелсиншкиот комитет дојде до заклучок дека до укинувањето на дневната евтина тарифа за електрична енергија дошло како резултат на два прописа кои се донесени врз основа на непостоечки одредби од Законот за енергетика. Понатаму, дополнителни единаесет прописи Комисијата ги донела врз основа на погрешни или непрецизно...

Реакција на предлог-законот за полиција 12 September 2012

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ изготви коментари и препораки на новиот Предлог-закон за дополнување и измени на Законот за полиција кој во моментов се наоѓа во собраниска процедура. Дополнително, претседателот на Комитетот, проф. д-р Гордан Калајџиев, на оваа тема подготви и стручен труд насловен како „Кон Предлог-Законот за измени и дополнување на Законот за полиција“.

Овие два...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal_normal_banner-stop-mk Normal_strategy_mk_photo