Corner Соопштенија

Одбележување на 18-ти декември, Меѓународен ден на мигрантите 18 December 2015

По повод Меѓународниот ден на работниците-мигранти и членовите на нивните семејства, граѓанските организации, левичарски движења, волонтери, хуманитарни организации и активисти од Република Македонија се приклучија кон основањето на транснационалното движење #STATEOFSOLIDARITY и одржаа мирен марш за реафирмирање на европските вредности на сите народи во Европа наречен „Мир, демократијата,...

Меѓународен ден на човековите права 10 December 2015

Денес земјите членки на Обединетите нации го одбележуваат Меѓународниот ден на човековите права, со пораката "Нашите права, нашата слобода, секогаш" со цел да се унапреди и подигне свеста за двата темелни пакта за граѓански и политички и за економски, социјални и културни права, кои во 2016-та година навршуваат 50 години од нивното донесување. 

Република Македонија, како земја членка на...

Претставници на граѓанскиот сектор во регионот на средба со Државниот секретар на САД, Џон Кери 10 December 2015

Платформата за граѓанска солидарност, мрежа од независни невладини организации од регионот во кој делува ОБСЕ, на 1 и 2 декември во Белград, организираше Паралелна конференција на граѓанското општество.  

Паралелната конференција се одржа во пресрет на состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ. Учествуваа повеќе од 70 претставници на граѓанскиот сектор, од повеќе од 25 земји од регионот и...

Нападите врз децата Роми мора да бидат истражени и соодветно санкционирани 13 November 2015

Мрежата за заштита од дискриминација изразува загриженост за нападот на дете од ромската етничка заедница кој во средата, 11.11.2015 година, се случил кај пекарата СИЛБО, во центарот на градот Скопје. Имено, според очевидци, детето било малтретирано и удирано, наводно поради тоа што барало пари од луѓето кои купувале во пекарата. Очевидец го пријавил настанот во полиција, која дошла за многу...

Седми марш на толеранција - „Бегалци без граници“ 11 November 2015

Водејќи се од традицијата на одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата (16 ноември), Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и ЛГБТИ Центарот за поддршка и ова година го организираат седмиот Марш на толеранција. Како и претходните години, настанот го посветуваме на констатирани состојби на кршење и непочитување на одредени права и слободи и потребата од нивно...

Стоп за говорот на омраза врз основа на верско уверување! 06 November 2015

Во текот на вчерашниот ден, на социјалната мрежа „Фејсбук“ беше забележано споделување на плакат со следниот текст: 

„Протест против исламизација на Крива Паланка, петок 6.11.2015, 13.30 Ч. Соларски мост“.

На дното од плакатот, со црвено се пречкртани слики на пет исламски верски објекти, односно џамии. Платформата против говор на омраза*, најстрого го осудува говорот што се користи во...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal_normal_banner-stop-mk Normal_strategy_mk_photo