Corner Соопштенија

Удар врз уставниот поредок на Република Македонија 25 December 2012

Хелсиншкиот комитет со загриженост ги следи последните случувања на македонската политичка сцена. Претставници на Комитет на 24.12.2012 година, за време на протестот на „Фронтот на народот“ од една страна и симпатизерите и членовите на опозицијата од друга страна, од самиот почеток ги следеа случувањата во својство на набљудувачи од аспект на почитување на правата и слободите на граѓаните за...

Дебата: Заштитениот сведок помеѓу правната држава и прекршувањето на човековите права 08 December 2012

На денот на човековите права, 10 декември, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Институтот за човекови права Ве покануваат да учествувате на дебата на тема „Заштитениот сведок помеѓу правната држава и прекршувањето на човековите права“.  Дебатата ќе се одржи во понеделник на 10 декември 2012 година, со почеток во 12:00 часот, во просториите...

Стоп за притисоците врз здравствените работници! 06 December 2012

Следејќи ги настаните поврзани со штрајкот на лекарите и воедно постапувајќи по барањето за правна помош од нивна страна, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ ја изразува својата загриженост за дејствијата што се преземаат од страна на Министерството за здравство, а несомнено говорат за злоупотреба на надлежностите со „легални мерки“ заради спречување на уставното право на штрајк.

Имено,...

Насилнички напад врз активисти за човекови права 18 November 2012

При одбележувањето на “Меѓународниот ден на толеранцијата”, на 17.11.2012 година, околу 12:30 часот, на централниот плоштад во Скопје во близина на Камениот мост, е извршен физички напад на двајца активисти – од организаторите на “Маршот за толеранција”. Додека биле подготвувани штандовите со публикации и брошури од невладините организации - учесници во маршот, на активистите им пришло...

Стоп за притисоците врз „АМАН“ 08 November 2012

Граѓанската иницијатива АМАН започна со протести против поскапувањата на струјата, парното, нафтените деривати, високите цени и нискиот стандард на граѓаните на 14 август 2012 година. Од првиот протест до сега поминаа 12 недели односно беа одржани 12 протести кои беа мониторирани од страна на Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија. 

Дел од активистите на АМАН побараа...

Владата мора да ја заштити ЛГБТ заедницата од дискриминација 26 October 2012

Неодамнешниот напад врз Центарот за поддршка на лезбејки, геј мажи, бисексуалци, трансродни лица и интерсексуалци (ЛГБТИ) во Република Македонија ја нагласува итната потреба за заштита преку закон од сите форми на дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, се вели во дописот на Амнести Интернационал.

Досега, македонските власти не успеаа во Законот за спречување и...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo