Corner Соопштенија

25-ти Ноември - Меѓународен ден за борба против насилство врз жените 25 November 2016

Денес се одбележува Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените. Тргнувајќи од потребата за посебна потреба на заштита на жените од овој вид на насилство, Генералното собрание на Обединетите Нации со резолуција 54/134 на 17ти декември 1999 година го утврди 25-ти Ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените.

Насилството врз жените продолжува да биде сериозен...

Говор на омраза на Музејот на албанската азбука во Битола! 24 November 2016

Платформата против говор на омраза[1] го осудува настанот во кој е демолиран Музејот на албанската азбука во Битола[2]. Имено, на Денот на албанската азбука 22ри ноември, во доцните вечерни часови непознати сторители го вандализирале Музејот на албанската азбука во Битола, притоа испишувајќи текст кој содржи говор на омраза врз етничка припадност односно упатува навредливи и понижувачки пораки...

Детските права сериозно да бидат сфатени од страна на државата 20 November 2016

Меѓународниот ден на децата, кој се одбележува секоја година на 20 ноември, има за цел да потсети на обврските на државите утврдени во Конвенцијата за правата на детето во насока на унапредување и зацврстување на националната правна рамка за обезбедување подобри услови и заштита на децата. 

Децата претставуваат високо ранлива општествена група која што лесно може да биде изложена на...

Повик за учесници на младинските работилници „Обични херои“ 14 November 2016

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија заедно со Центарот за пост-конфликтно истражување од Сараево, Босна и Херцеговина, со цел да придонесат кон подобро разбирање на процесите на транзиција и консолидација на демократијата во пост-конфликтните општества, како и со цел да се споделат теоретски и практични знаења за колективните и индивидуалните состојби во време на...

Продолжен рок за повикот за подготовка на видео-игри 14 November 2016

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го продолжува рокот на јавниот повик за подготовка на 2 (две) видео игри за недискриминација за млади на возраст од 10 до 15 години со цел подигање на свеста кај младите за проблемите на лицата со попреченост и за подигање на свеста за етничките различности и толеранцијата за дополнителни четири дена. Повикот е во рамките на проектот...

Осми „Марш на толеранција“! 13 November 2016

Во пресрет на Меѓународниот ден на толеранција (16ти ноември), Хелсиншкиот комитет за човекови права, со поддршката на организациите во Платформата против говор на омраза, го организира осмиот Марш на толеранција, кој ќе се одржи на 13ти ноември, 2016 година, недела, со почеток во 12 часот од Музеј на Град Скопје. 

Под слоганот „Омразата е слабост“, годинешниот Марш го посветуваме на...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal_normal_banner-stop-mk Normal_strategy_mk_photo