Corner Соопштенија

Уставниот суд да ја образложи одлуката за ограничување на аудио и визуелно снимање на седниците на Судот 13 June 2014

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија не смета дека е изненадувачка одлуката на претседателката на Уставниот суд да ја прекине праксата на аудио и визуелно снимање од страна на медиумските работници на седниците на Уставниот суд, поради тоа што ваквото ограничување следи по донесувањето на одлуката на Уставниот суд да го одбие барањето за заштита на слободите и правата...

Дискриминаторска студиска програма на Институтот за семејни студии по основ на род, сексуална ориентација, брачен статус, здравствен статус 10 June 2014

Семејните студии се отвараат на Филозофскиот Факултет паралелно со ставањето во мирување на родовите студии, агресивни владини кампањи за традиционални семејни вредности, кампањи за трето дете, вознемирувачки владини кампањи против абортус и секако самото носење на новиот Закон за прекинување на бременоста со кој се ограничи пристапот до легален и безбеден абортус.

Судејќи според контекстот,...

Универзитет на Мирот 2014 : повик за македонски учесници 03 June 2014

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија како партнер на програмата за Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија, Република Франција и Република Македонија со задоволство ве известува дека започна повикот за учесници од Македонија на Универзитетот на мирот кој ќе се одржи во Каен, Долна Нормандија од 7 до 13 јули 2014 година.

Овој настан е организиран од...

Насилни протести во Ѓорче Петров 21 May 2014

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги следи состојбите кои во изминатите два дена ескалираа со немири во населбата Ѓорче Петров и изразува сериозна загриженост за ескалацијата на омраза на етничка основа како резултат на убиството младиот Ангел Петковски.  

Деновиве се потсетуваме и на случајот на Мухамед Али Јашари кој го загуби животот во обид да го заштити својот другар Дарко од...

Покана за настан: Промоција на Извештај за недискриминација и еднаков третман 16 May 2014

Почитувани,

Мрежата за заштита од дискриминација ве поканува на промоцијата на Извештајот за тригодишното работење на Мрежата во делот на недискриминацијата и еднаквиот третман.

Главната цел на извештајот е да даде информација за остварувањето на заштитната функција на Комисијата за заштита од дискриминација, преку презентација на начинот на кој е постапувано во однос на претставките што членките...

Покана за прес: Злосторства од омраза во Македонија од 2013 до 2014 година 14 May 2014

Хелсиншкиот комитет за човекови права има чест да Ве покани на прес-конференција, која ќе се одржи на 15 мај 2014 г. (четврток) од 12:00 часот во просториите на нашата канцеларија која се наоѓа во Дебар Маало, на ул. Наум Наумовски Борче бр. 83 во Скопје. Прес-конференцијата е посветена на тековниот проект „Поддршка на националните чинители во справувањето со криминалот од омраза и говорот на...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo