Corner Соопштенија

Комисијата за заштита од дискриминација треба да ја промени својата пракса 28 November 2013

Комисијата за заштита од дискриминација не ја препознава дискриминацијата кон лицата кои се лекуваат од опијатна зависност. Во мислењето кое го донесе по претставката од организацијата ХОПС – Опции за здрав живот, Комисијата смета дека не е вознемирувачки или дискриминаторски тоа што овие лица се третираат со понижувачки третман при добивањето здравствени услуги во ЈЗУ Универзитетска...

Меѓународен ден за борба против насилство врз жените 25 November 2013

Насилството врз жените претставува сериозна повреда на човековите права што феноменолошки се  манифестира како резултат на дискриминаторски третман односно нееднаквост помеѓу мажите и жените.  

Ценејќи ја потребата од посебна заштита на жените од овој вид насилство, Генералното собрание на Обединетите Нации со резолуција 54/134 на 17. декември 1999 година, го утврди 25. Ноември за...

Интервју со претседателот на Хелсиншкиот комитет за новиот ЗКП 23 November 2013

На 1 декември годинава, кривичната постапка во Македонија комплетно ќе го напушти судскиот патернализам, постапката ќе стане акузаторна, со нагласена улога на процедуралната правичност и на начелото на контрадикторност на главната расправа. Со новиот Закон за кривичната постапка, кој беше донесен во 2010 година и чијашто примена досега два пати беше одложувана, во целост се менува концептот на...

Притворот се претвори во сурова и нечовечна казна 22 November 2013

Во текот на изминатите неколку месеци до Хелсиншкиот комитет беа поднесени зголемен број на претставки поврзани со мерката притвор. Во претставките главно се забележува на постапките за неговото определување и продолжување, долготрајноста, некористењето на поблаги мерки, пренатрупаноста, лошите услови за живот и несоодветната здравствена заштита. Со оглед на ваквите состојби, Комитетот се...

Меѓународен ден на децата 20 November 2013

Согласно резолуцијата 836 (IX) донесена на 14 декември 1954 година од страна  на Генералното Собрание на Обединетите нации, денес се одбележува Меѓународниот ден на децата. Денешниот ден пред се се однесува на донесувањето на Меѓународната декларација за правата на детето која што беше изгласана од државите-членки на ООН на 20 ноември 1959 година како необврзувачки документ за 30 години...

Одржан петтиот Марш на толеранцијата 18 November 2013

На 16 ноември, 2013 година, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со уште четиринаесет други невладини организации, по петти пат го организираа Маршот на толеранцијата одлучувајќи заедно да му кажат НЕ на насилството кое станува дел од секојдневието на нашето општество.Маршот, кој се одржа под слоганот „Македонија има љубов за...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo