Corner Соопштенија

Апелација ја потврди пресудата за Кадоро Ото во корист на работничките и работниците 15 February 2018

Апелациониот суд во Скопје ја одби жалбата на тужениот работодавец ДПЧТ КАДОРО ОТТО ДООЕЛ експорт-импорт Крива Паланка и ја потврди пресудата на првостепениот суд, со која се усвојува тужбеното барањето на работничките и работниците и се задолжува тужениот да им исплати на работничките и работниците вкупен износ од 1.430.856,00 денари за неисплатени плати и придонеси.

Случајот беше инициран во...

Истребувачи и репликанти 14 February 2018

Неодамна решив пак да го гледам стариот Blade Runner (1982). Од моето прво, дамнешно гледање на овој култен филм, ја паметев само мрачната атмосфера, раскошната музика, но и едно бајковито, речиси детско наравоучение за тоа што значи да си човек, во моралната смисла на зборот. И навистина, филмот е општо запаметен по неговата критика на реалноста преку овој дистописки свет, преиспитувањето на...

Коалиција „Маргини“: Реакција по однос на манипулациите во дел од медиумите за наводна финансиска поддршка на геј парада од страна на Министерството за култура 13 February 2018

Во продолженије интегрално ја пренесуваме реакцијата на Коалиција „Маргини“ по однос на Скопскиот викенд на гордоста во чија организација и спроведување учествува и Хелсиншки комитет за човекови права на РМ - ЛГБТИ Центар за поддршка.

Почитувани претставници на медиумите,

Во текот на вчерашниот ден, 12.02.2018, во дел од медиумите беше објавена дезинформација со тенденциозен наслов, со која...

Коментари на предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите 13 February 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Македонското здружение на млади правници, Институтот за човекови права, Коалицијата Сите за правично судење и Центарот за правни истражувања и анализи заеднички подготвија коментари на предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите. Коментарите беа поставени во законскиот рок на Единствениот национален...

„Секое дете заслужува правда!“ 08 February 2018

Во видеото е прикажан случај на нехуман третман кон дете од ромската етничка заедница од страна на медицински лица во јавна здравствена установа. Поради скршеница на раката, малолетното дете заедно со неговата мајка побарале лекарска помош, но, наместо помош од медицинските лица добило „шлаканици”! Наводно, детето не ги слушало медицинските лица додека се обидувале да му ја наместат скршената...

Повик за учество во обуки за градење капацитети за користење на жалбените постапки воспоставени со Факултативниот протокол кон Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените - CEDAW 07 February 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, во рамките на проектот "Жените имаат права!", организира циклус на обуки за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, мрежи, платформи и правници/чки кои работат на правата на жените, за користење на жалбените механизми за заштита на правата на жените и адресирање на родово базирана дискриминација преку поднесување...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo