Corner Соопштенија

Реакција кон ксенофобијата за бегалците 07 September 2017

Во пресрет на јавната дебата поттикната од одредени политички структури во однос на предложената Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година, која беше проследена со значителна појава на говор на омраза насочен кон бегалците, Хелсиншкиот комитет чувствува за потребно да ја прикаже моменталната состојба со бегалците во Република Македонија.

Имено, според Министерството за...

Народниот правобранител утврди дискриминација во учебникот „Граѓанско образование” 07 September 2017

Го поздравуваме мислењето на Народниот правобранител со кое се утврдува дискриминација по основа на род, пол, здравствена состојба, попреченост и религија во учебникот „Граѓанско образование“ за 8-мо одделение.

Во поднесена претставка од Мрежата за заштита од дискриминација во врска со дискриминаторски содржини во учебникот „Граѓанско образование“ за 8-мо одделение, се наведува дека во...

Трет инфографик за состојбата со работничките права во текстилната индустрија 04 September 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Фондацијата Отворено општество - Македонија го спроведува проектот „Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување“. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на инфографици кои имаат за цел да ја информираат јавноста за состојбата со работничките права во текстилната индустрија,...

Граѓанската иницијатива „Излези и ти“ иницира говор на омраза и ксенофобија 23 August 2017

Хелсиншкиот комитет континуирано ги следи медиумските известувања по однос на граѓанската иницијатива која се спроведува деновиве во неколку градови во земјата и која има за цел да собере потписи против изградба на наводни кампови за бегалците кои транзитираат низ РМ на патот кон западноевропските земји.

Неспорно е дека граѓанските иницијативи мора да бидат дозволени и непопречувани од страна на...

Годишен информатор за дискриминација (2016) 23 August 2017

 Хелсиншкиот комитет за човекови права подготви годишен информатор за дискриминација кој ги претставува збирните податоци добиени од здруженијата на граѓани и институциите во областа на дискриминацијата во 2016 година.

Според добиените податоци може да се заклучи дека најчести основи за кои граѓаните сметаат дека биле дискриминирани се: етничката припадност, политичката припадност,...

Повик за членство во Младинска група! 21 August 2017

 Хелсиншкиот комитет за човекови права објавува повик за пријавување на членови на Младинската група. Работата и организацијата на Младинската група е предвидена во Правилникот за работа и организација.

Целта на активирањето на младинската група е на младите луѓе да им се обезбеди пристап до информации и едукативни содржини за почитувањето, промоцијата и заштитата на човековите права и...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo