Corner Соопштенија

Насилнички напад врз активисти за човекови права 18 November 2012

При одбележувањето на “Меѓународниот ден на толеранцијата”, на 17.11.2012 година, околу 12:30 часот, на централниот плоштад во Скопје во близина на Камениот мост, е извршен физички напад на двајца активисти – од организаторите на “Маршот за толеранција”. Додека биле подготвувани штандовите со публикации и брошури од невладините организации - учесници во маршот, на активистите им пришло...

Стоп за притисоците врз „АМАН“ 08 November 2012

Граѓанската иницијатива АМАН започна со протести против поскапувањата на струјата, парното, нафтените деривати, високите цени и нискиот стандард на граѓаните на 14 август 2012 година. Од првиот протест до сега поминаа 12 недели односно беа одржани 12 протести кои беа мониторирани од страна на Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија. 

Дел од активистите на АМАН побараа...

Владата мора да ја заштити ЛГБТ заедницата од дискриминација 26 October 2012

Неодамнешниот напад врз Центарот за поддршка на лезбејки, геј мажи, бисексуалци, трансродни лица и интерсексуалци (ЛГБТИ) во Република Македонија ја нагласува итната потреба за заштита преку закон од сите форми на дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, се вели во дописот на Амнести Интернационал.

Досега, македонските власти не успеаа во Законот за спречување и...

Центар за поддршка на LGBTI заедницата во Македонија 22 October 2012

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија на 18-годишнината од своето постоење, со поддршка на Холандската амбасада во Македонија на 23.10.2012 го отвори првиот Центар за поддршка на LGBTI заедницата.

Главната цел на Центарот за поддршка ќе биде застапување на LGBTI заедницата, но исто така ќе биде посветен и на организирање на групи за самопомош, а ќе понуди помош и на...

Реакција на предлог-законот за граѓанска одговорност 10 October 2012

Денес во НВО Инфо-центарот се одржа прес конференција по повод предлог-законот за граѓанска одговорност на која присуствуваше Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, како и други претставници на граѓанскиот сектор според кои предложениот закон е вовед во цензура. Целата постапка за донесеување на законот се одвиваше нетрансапрентно, без да биде вклучен граѓанскиот сектор,...

Мислење за извештајот на РМ до Комитетот за човекови права при ООН 12 July 2012

Денес, до Министерството за правда на РМ,   „Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ“, „Фондацијата отворено општество – Македонија“, „Институтот за човекови права“ и „ХЕРА – опции за здрав живот“ поднесоа заедничко мислење во врска со Третиот периодичен извештај на РМ по Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

Мислењето можете да го превземете на следниов линк .

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo