Corner Соопштенија

ЛГБТИ заедницата и престојните локални избори 22 March 2013

Заради подобро информирање на ЛГБТИ заедницата во Република Македонија, во однос на тоа која политичка опција би им овозможила подобро секојдневие и еднаквост на локално ниво, ЛГБТИ центарот за поддршка изготви прашалник кој директно ги тангира активностите на политичките партии кои се дел од нивните програми, а имаат за цел  унапредување на заштитата на правата на ЛГБТИ заедницата.

...

Осуда за дискриминацијата над Ромите во ТЦ „Скопје Сити Мол“ 22 March 2013

Членките на мрежата за заштита од дискриминација[1] најостро го осудуваат настанот во Трговскиот центар Скопје Сити Мол,чие раководство преку електронска пошта испратена до фирмата Land Service, на 9ти Јануари 2013 година, побара лицата припадници на ромската заедница да не бидат ангажирани на работни задачи за одржување на хигиената во одделот за храна. 

Потенцираме дека Комисијата за...

Меѓународен ден за елиминација на расната дискриминација 21 March 2013

Денеска е меѓународниот ден за елиминација на расната дискриминација. Оваа година  во фокусот на Обединетите Нации е ставен спортот како активност преку која може да се подигне свеста за справување со расната дискриминација. Во своето денешно обраќање генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун изјави:

„Мораме да ги здружиме силите за да ставиме крај на расизмот, а спортот може да ни помогне да...

Алфа ТВ: Пресинг со Уранија Пировска и Љупчо Зиков 08 February 2013

Во вчерашната дебатна емисија „Пресинг“, гостуваа Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет и Љупчо Зиков, новинар и политички аналитичар. Тема на вечерта беше Посебниот извештај во врска со случувањата пред и во Собранието на РМ на 24. декември 2012 година.

Покрај за Посебниот извештај, се дискутираше и за најновиот Квартален извештај за состојбата со човековите права во...

Реакција на насловната страница на дневниот весник „Вечер“ од 01.02.2013 01 February 2013

Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија и ЛГБТИ Центарот за поддршка најостро го осудуваат денешното издание на весникот Вечер, со кое се срушија сите принципи  на едно одговорно новинарство во една демократска држава.

Би сакале да потсетиме на разликата меѓу вест и коментар, за разликата меѓу слободата на изразување и говорот на омраза. Би сакале да потсетиме за...

Удар врз уставниот поредок на Република Македонија 25 December 2012

Хелсиншкиот комитет со загриженост ги следи последните случувања на македонската политичка сцена. Претставници на Комитет на 24.12.2012 година, за време на протестот на „Фронтот на народот“ од една страна и симпатизерите и членовите на опозицијата од друга страна, од самиот почеток ги следеа случувањата во својство на набљудувачи од аспект на почитување на правата и слободите на граѓаните за...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo