Corner Соопштенија

Собранието да ги разгледа слабостите во Годишниот извештај на Комисијата за заштита од дискриминација 30 April 2013

Мрежата за заштита од дискриминација, по јавното презентирање на Годишниот извештај на Комисијата за заштита од дискриминација за 2012 година (Извештајот), констатираше дека истиот има низа недостатоци за кои сакаме да ѝ укажеме на јавноста. Општа забелешка е дека Извештајот нема едукативен карактер и не ги утврдува трендовите на дискриминација во 2012 година, не ги утврдува причините зошто по...

Сечењето на дрвјата во Општина Центар е незаконско! 25 April 2013

Хелсиншкиот комитет имаше можност да го анализира Решението бр. 14-6/224 од 24.04.2013 донесено од страна на Град Скопје со кое се одобрува сеча на 18 дрва во Општина Центар (спроти Хотел Бристол). Решението е изработено, покрај другото, врз основа на Член 10 став 1 точка 4 алинеја 12 од Законот за Градот Скопје. Оваа одредба ги утврдува надлежностите на Град Скопје. Во конкретниот случај...

Калајџиев: Досега најкритичен извештај за Македонија од Вашингтон 22 April 2013

Тоа што не го гледаше или не сакаше да го нотира Брисел, го забележа официјален Вашингтон. 

Владата се меша во судството и медиумите и ги прогонува политичките противници, алармираат со години невладините организации за човекови права во земјава и експертите, но сега конечно овие оценки најдоа свое место и во еден релевантен меѓународен извештај, каков што е тој на Стејт департментот....

Оглас за практикант/ка 12 April 2013

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија има потреба од практикант/ка. Агажираниот практикант/ка ќе обавува практикантска работа како асистент во правната служба на Комитетот. Работата на Комитетот е од областа на: набљудување и известување за состојбата со човековите права, набљудување на судски постапки, бесплатна правна помош, работа на случаи, превземање правни...

8 април, Mеѓународен ден на Ромите 08 April 2013

Денес се одбележува меѓународниот ден на Ромите со што се потсетува на повеќе децениската борба за подобар и подостоинсвен живот на оваа група луѓе. Како во многу држави во кои живеат Роми така и во Република Македонија оваа заедница сеуште се наоѓа на маргините, исклучена од општествените процеси. Исклучувањето не е случајно, сепак Ромите се една од најранливите општествени групи кои се...

Преглед на пријавени изборни неправилности (втор круг) 07 April 2013

Во текот на изборниот ден за време на вториот изборен круг од локалните избори до Хелсиншкиот комитет од 07:00 до 19:00 часот беа пријавени неколку случаи на прекршување на избирачкото право во следните општини:

Општина Тетово

Во градот Тетово, изборно место ОУ„Кирил и Методиј“ во населбата Тетекс 2 пријавен е случај на поткуп од страна на вработено лице во кабинетот на градоначалникот кој нудел...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo