Corner Соопштенија

Виновниците за смртта на Тамара Димовска да поднесат одговорност! 09 February 2015

Хелсиншкиот комитет е потресен од веста за смртта на малолетната Тамара Димовска, која неполна година чекаше позитивен одговор од Фондот за здравствено осигурување за да се лекува во странство, поради тежок деформитет на рбетот. Според мислењето на Хелсиншкиот комитет малолетната Тамара е директна жртва на неефикасниот систем на здравствена заштита и немањето волја овој случај да добие...

По кој закон постапува јавното обвинителство? 04 February 2015

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се огласи со соопштение од 03.02.2015 година за случувањата поврзани со објавувањето и дистрибуирањето на снимките од средбите помеѓу Претседателот на Владата Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев. Притоа, ОЈО се осврнува само на начинот на кој што се дошло до снимките и изрично се потенцира дека ќе следат...

Насилство врз или од страна на претставници на највисоките државни органи? 02 February 2015

Во периодот од 23 до 31 јануари 2015 г., од страна на специјални полициски единици, по наредба на судија на претходна постапка, извршени се претреси на домови и работно место за наводно сторени кривични дела „Шпионажа“, „Неовластено држење на оружје“, „Прикажување на порнографски материјал на дете“ и „Насилство спрема претставници на највисоките државни органи“. Осомничени за овие дела се З.В.,...

Младите од Франција и Македонија со заедничка порака против дела од омраза 30 January 2015

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХК) во соработка со Институтот за човекови права и мир од Каен, (2idhp) регион Долна Нормандија, Франција, денеска ја  презентираа заедничкатата видео-порака против дела од омраза од младите во Франција и Македонија. Младите ја изработија пораката против дела од омраза и насилство за време на оддржувањето на 34тата Школа за...

Je suis Charlie! 08 January 2015

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија изразува длабока загриженост за вчерашните настани во Франција каде што при напад во Париз беа  брутално убиени 10 новинари и двајца полициски службеници. Овој чин на насилство претставува атак врз слободата на изразувањето и уметноста, како и критичката мисла. Последицитте од ваквите напади врз медиумите се далекусежни бидејќи...

Младински магазин „Има ли будни...“ 26 December 2014

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија со поддршка од Амбасадата на Република Германија во Скопје отпочна со реализација на младинскиот е-магазин за човекови права „Има ли будни...“ www.imalibudni.mk . Магазинот има за цел да им овозможиме простор на младите да се изразат слободно и да ги изнесат своите ставови за општеството во кое живееме денес. Магазинот се реализира...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo