Corner Соопштенија

Пријавени повреди на работничките права во чевларска фабрика во Куманово 24 November 2017

До Хелсиншкиот комитет пристига пријава за повреда на работнички права во чевларска фабрика во Куманово. Според кажувањата на вработните работодавачот не им издавал месечни писмени пресметки за плати, па тие не се во можност да ја видат месечната пресметка на својата плата ниту плаќањето на придонесите. Согласно Законот за работни односи работодавачот е должен да им издаде на работниците при...

Утврдена повреда на работнички права во текcтилна конфекција во Македонска Каменица 20 November 2017

По поднесена иницијатива за вонреден инспекциски надзор од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Државниот инспекторат за труд - подрачна единица Делчево утврди повреда на работничките права во ДПТУ Текстил М ДОО Македонска Каменица. По извршениот инспекциски надзор и земените изјави од вработените, државниот инспектор на труд со решение утврдил повреда на одребите од Законот за...

Инфографик за состојбата со работничките права во текстилната индустрија 17 November 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија со поддршка на Фондацијата Отворено општество - Македонија го спроведува проектот „Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување“. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на инфографици кои имаат за цел да ја информираат јавноста за состојбата со работничките права во текстилната индустрија,...

Европскиот суд за човекови права констатира повреда на верската слобода во случајот „Православна Охридска Архиепископија- ПОА“ 16 November 2017

Во денешната пресуда на Европскиот суд за човекови права беше констатирано прекршување на членот 11 (слобода на собирање и здружување) во врска со членот 9 (слобода на мислата, совеста и религијата) од Европската конвенција за човекови права, која произлезе од одбивањето на надлежните да се регистрира Православната охридска архиепископија (ПОА) како посебна верска заедница.

Постапката во...

Конференција Очи за еднаквост и марш за толеранција 16 November 2017

На 15 Ноември (среда) со почеток во 11:00 часот во хотел ,,АРКА” се одржа конференцијата ,,Очи за еднаквост” посветена на лицата со попреченосторганизирна од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот ,,Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите” поддржан од Британската амбасада во Македонија.

На...

Одржана работна средба со претставници од Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд 13 November 2017

На 10.11.2017 година претставници на Хелсиншкиот комитет одржаа работна средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика - Сектор за прекршоци од областа на работните односи и областа на безбедност и здравје при работа и претставници од Државниот инспекторат за труд. На работната средба се дискутираше за најгорливите прекршувања на работничките права на текстилните и...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo