Соопштенија

На 17 декември 1999 година во Обединетите Нации беше прифатена резолуцијата 54/120 која ги кодифицира сите поврзани меѓународни документи за активно вклучување на младите во политиките кои директно влијаат на нивниот личен и општествен развој. Препознавајќи ја улогата на младите луѓе во подобрување на човековите права и слободи, ООН го прогласи 12 август за „Меѓународен ден на младите“...

Институтот за европска политика (ЕПИ) - Скопје за проектот „Мрежа 23“, во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (ХКМ) и Центарот за управување со промени (ЦУП), финансисран од Европската Унија, објавува повик за доделување на грантови за граѓански организации. Грантовите се однесуваат на следењето и евалуацијата на политиките во рамки на Поглавјето 23 за...

Почитувани,
Хелсиншкиот комитет за човекови права има за чест да Ве покани на прес-конференција која ќе се одржи на 22 јули 2014 г. (вторник) од 11:00 часот во просториите на Комитетот (ул. Наум На.умовски Борче бр. 83, Скопје). Прес-конференцијата е посветена на 22 јули, прогласен за „Европски ден на жртвите од криминал од омраза“ од страна на Советот на Европа.
Хелсиншкиот комитет, преку...

„Кривични дела сторени од омраза помеѓу младите на етничка и религиозна основа во Република Македонија и Каен, Долна Нормандија“
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХК) и Институтот за човекови права и мир од Каен, регион Долна Нормандија, Република Франција организираат Школа за човекови права за млади од двете држави. На школата ќе бидат опфатени две генерални...

Апелираме до сите граѓан(к)и на Република Македонија веднаш да престанат со говорот на омраза на социјалните мрежи и да се воздржат од учество во етнички мотивирани насилства и вандализам.
Родителите мора да разговараат со своите деца и да влијаат на нив да не се впуштаат во насилништво и вандализам за време на граѓанските протести.
Ескалацијата на етничките тензии во земјава е последица на...