Corner Соопштенија

Јавен повик до ЈП Македонски железници и Влада на РМ 30 October 2015

ЈП Македонски железници АД Транспорт во краток временски период два пати направи корекција на цената на билетот за бегалци кои транзитираат низ Македонија. Цената на секој поединечен билет за овие корисници е 25 евра и таа е за 3,5 пати повисока од  редовната цена на билетот кој изнесува околу 7 евра. Редовните попусти за деца, семејства и групи не се применуваат.[1] Јавното претпријатие...

Препораки за надминување на дискриминацијата кон Ромите на граничните премини 26 October 2015

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Народниот правобранител, во рамки на долгогодишната заедничката соработка во областа на анти-дискриминацијата, организираа конференција на тема „Ограничување на правото на слобода на движење на Ромите на граничните премини“. 

Конференцијата се одржа на 14 октомври 2015 година во Хотел...

Повторно е загрозено правото на протест на средношколците 22 October 2015

Во текот на вчерашниот ден до Хелсиншкиот комитет беа доставени пријави со наводи за закани врз средношколците кои учествуваа на вчерашниот протестен марш против лошите реформи во образованието. Наводите беа доставени од страна на средношколци, но и родители. Особено загрижувачки се наводите за затворање на учениците во училиштата од страна на службени лица, преку затворање на училниците и...

Промоција на проектот против говор на омраза 13 October 2015

Денес, вторник (13. 10. 15) се одржа иницијалниот настан, организиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права за проектот против говор на омраза, поддржан од страна на NED (National Endowment for Democracy). На истиот беше промовирана Платформата за борба против говорот на омраза, која е отворена за приклучување од страна на организации и поединци, а е во координација на Комитетот; потоа беше...

Покана: Ѕид на срамот 06 October 2015

Хелсиншкиот комитет за човекови права има задоволство да ве покани на иницијалниот настан за проект против говор на омраза, поддржан од страна на NED (National Endowment for Democracy). На настанот ќе биде промовиран „Ѕид на срамот“, на кој ќе бидат изложени јавни ликови кои практикувале говор на омраза во јавноста, како и ширењето на говор на омраза по медиумите. Истовремено, ќе биде...

Оглас за правен/на советник/чка 14 September 2015

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија има потреба од правен советник/чка - проектен/на асистент/ка. Од избраниот кандидат/ка ќе се очекува да обавува правна работа како асистент/ка во правната служба на Комитетот. Работата на Комитетот е од областа на: набљудување и известување за состојбата со човековите права, набљудување на судски постапки, бесплатна правна помош,...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo