Corner Соопштенија

Дискриминаторски пораки и вознемирувачка кампања на иницијативата „Заедничко и одговорно родителство и по развод” 26 May 2017

Мрежата за заштита од дискриминација и Граѓанската организација за унапредување на правата на еднородителските семејства „Една може“ ги осудуваат дискриминаторските пораки и вознемирувачката кампања на иницијативата “Заедничко и одговорно родителство и по развод”.

Повеќе самохрани мајки реагираа на вознемирувачката кампања и дискриминаторските пораки кои се појавуваат на фејсбук страната на...

Оглас за вработување на правен(а) советник(чка)/ проектен(а) кординатор(ка) 26 May 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија објавува оглас за вработување за правен(а) советник(чка)/ проектен(а) кординатор(ка).

Опис и работни задачи:

·  Дава бесплатна правна помош и работи на индивидуални случаи на странки кои се обраќаат до МХК;

·  Пишува поднесоци, барања, ургенции, итн;

·  Набљудува судски постапки;

·  Подготвува анализи и...

Оглас за вработување на финансиски/а раководител/ка 26 May 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија има потреба од вработување на Финансиски/а раководител/ка.

Финансискиот/та раководител/ка е одговорен/а за целокупниот финансиски менаџмент во Здружението, односно подоготовка на годишни и проектни буџети, нивното спродедување како и известување по истите.

Опис и работни задачи:

  • Подготвува годишни буџети на Здружението како и...

Повик за пријавување за изработка на електронска база на податоци 22 May 2017

Oпшти информации 

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот “Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување” објавува повик за изработка на електронска база за внесување на податоци за пријавени прекршувања на права и преземени мерки за заштита.

Целта на проектот е правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување,...

Месечен информатор за дискриминација - април 2017 19 May 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот „Заштита од дискриминација“. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на месечни информатори кои имаат за цел да ја информираат јавноста за бројот и видот на регистрирани случаи на дискриминација во земјата на месечно ниво, поведени постапки за заштита...

Колумна: “Италијански рај” 19 May 2017

Пишува текстилна работничка од Крива Паланка.

Се охрабрив од текстот на мојата колешка. Сакав јавноста да знае и за една друга приказна. Мојата приказна и на десетици други жени кои го живеат “италијанскиот рај“ во Крива Паланка. Се прашувам има ли луѓе кои мислат дека и нам работниците, ни е даден живот поддеднакво важен и вреден? Има ли луѓе кои знаат дека и ние сме од крв и месо? Иако живееме...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo