ноември 28, 2018

Презентиран првиот мониторинг бриф за следење на реформите во правосудството

Во рамките на проектот „ЗА ПРАВДА“ (FOR JUSTICE) – заедничка акција за следење на судските реформи и застапување за нивно спроведување, финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија, партнерските организации: Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија, Институт за човекови права, Институт за европски политики, Здружение на млади правници на Македонија, Коалиција сите за правично судење и Центар за правни истражувања и анализи го следеа процесот на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) и Акцискиот план, особено преку следење на транспарентноста на процесот, нивото на вклученост на засегнатите страни и граѓанскиот сектор, почитувањето на временската рамка утврдена со Акцискиот план и напредокот во однос на спроведувањето на реформите, односно имплементацијата на донесените закони.

Првиот извештај  го опфаќа кварталот август-ноември 2018 година, период во кој требаше да завршат повеќе активности предвидени со Акциониот план за спроведување на Стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) и да бидат донесени повеќе закони. Со анализа на добиетните податоци од следењето на Стратегијата и Акциониот план во наведениот период, дадена е оценка на погоренаведените параметри: транспарентноста, вклученоста на засегнатите страни и граѓанските организации, почитвањето ан временската рамка и имплементацијата на донесените закони.

Податоците добиени од ова квартално мониторирање на реформските процеси се содржани во Анексот кон првиот мониторинг бриф

Документи