април 19, 2019

Тема во Студио 1: Зошто по речиси три децении, судството се уште не е реформирано?

Гости во последниот блок на Отвореното Студио 1 беа професорот Гордан Калајџиев и адвокатот Александар Тортевски кои зборуваа за реформите во судството.

Извештајот на Прибе одлично ги детектира состојбите во судството, а и граѓаните немаат голема доверба во него. Каде е проблемот, дали се лошите закони, политичките елити или квалитетот на луѓето во раководството со сомнителен интегритет? Според Калајџиев културата на владеење на правото не се гради преку ноќ, но и реформите на земјите во транзиција се базирани на модел кој не функционира.

„Сигурно секој си носи одговорност за своето време. Товарот е на Дескоска. Има поделена вина. Може да анализираме. Мислам дека има доволно аргументи да кажеме дека не е проблемот во законите. Сигурно не е ни едноставно, ако биле законите добри и практиката ќе ја бутнеле во права насока. Вина има и во политичката елити и во општата култура кај населението. Уведен сум дека културата за владеење на правово не се гради прекуноќ. Треба нов старт во смисла дека само со унапредување на законите не можеме да излеземе од оваа ситуација. Има различни мислења, во литературата има и црни прогнози дека ниту една реформа од Втората светска војна не е успешна. Реформите на земји во транзиција се базирани на модел кој не функционира.

Ние се базираме на модел на судска самоуправа со силен судски совет иако многу ветуваше кај нас доживеа фијаско. Ние немавме време, ни Брисел ни дозволи да го менуваме тој модел. Не можете да го менувате козметички, тоа се стекнати навики дека тој модел така функционира. На новите позиции се доаѓа по политичка линија што се знае веќе години наназад. Комплексно решавање на проблемот со формула која не е успешна. Има проблем со квалитетот кога се применува во судството особено кога тие што ги нудат кандидатите се политички партии и тука настанува крш во системот“.

Тортевски истакна дека уривањето на судскиот систем почнува со ургенциите за ученици и студенти кои потоа преку партиска книшка стигнуваат до работни позиции каде треба да испорачаат резултати за направената услуга.

„Лесно е постојано да се критикуваи да се префрла вината, но сите имаме дел од одговорноста почнувајќи од процесот на образование. Ние дури судството го урнисуваме кога почнуваме да молиме за оценка во осмолетка па на испит. За себе можам да кажам дека никогаш не сум ургирал за ученик ни студент. Замислете каков судија ќе биде студент што платил за испит? А тоа за жал е јавна тајна и сите го знаеме. Јас сум горд на професорот Марјановиќ со неговиот рекорд од 27 буткања на еден студент кој не знам уште дали фигурира. Доктори на науки еден вагон. Толку е девалвирано.