февруари 11, 2019

Хелсиншкиот комитет ќе ги набљудува условите во казнено поправните установи

Хелсиншкиот комитет за човекови права почна со подготовки за систематизирано набљудување на условите во сите казнено-поправни установи во државата, со посебен фокус на почитувањето на човековите права и човековото достоинство на лицата што издржуваат казна затвор.

Комитетот ќе ги испрати извештаите од мониторингот до сите релевантни државни институции, со препораки за подобрување на состојбата во установите.

Во таа насока, од 7 до 9 февруари 2019 година во Скопје се одржа тридневен тренинг за подготовка на методологија за спроведување мониторинг-посети во казнено-поправните установи. Обучувачи беа експерти од партнерската организација Косовски центар за рехабилитација на жртви од тортура.

Тренингот се спроведе во рамките на проектот „Живот зад решетки“, поддржан од страна на Амбасадата на САД.