Corner Судство

Ангелов Г. против Велкоски Н. 28 Ноември 2013

Денешното рочиште иако беше закажано за 12.30 мин, започна во 13.35 часот, на кое беа присутни прв.тужител Горан Ангелов со бранител Атанас Аврамовски, обвинетиот Наум Веколски со бранител адвокат Весна Јовановска. Пристуни беа и сведоците Димитар Тодоровски и Христина Лозановска.

Продолжение на доказна постапка.

Пред судот пристапи сведокот Димитар Тодоровски. Од судницата беше привремено отстранета сведокот Христина.

Сведокот Димитар наведе дека, од пред една година живее во нас. Козле, а претходно живеел во Аеродорм. Бидејќи долги години живеел во Аеродром често доаѓал да игра фудбал. На 17.05 изјави дека играл фудбал со другарите , па негде после 23 часот отишол на автобуската постојка на ’’Видео Смилевски Бато’’, па бидејќи имал уплатено тикет, па од постојката отишол до кладилницата која се наоѓала во близина. Само што тргнал од таму видел дека имало застанато две ПМВ и видел две возрасни лица како се расправаат. Видел дека едниот го фатил во задниот дел од јаката и почнал да го удира со бокс во задниот дел од главата. Од ударите паднал на асфалтот на колена и додека се наоѓал во таква положба другото лице го удирало со боксови во грб. Ова се случувало 3-4 сек. и пробало да се оттргне од лицето што го удирало и отиде и обиколи својот автомобил од сувозачката страна спрема возачката.

На прашање од судот од каде му е познато дека тоа било негов автомобил, сведокот наведе дека, така произлегувало од таквата ситуација. Во продолжение наведе дека тепаното лице застанало до вратата од страната на возачот. Околу минута дошло и полициско возило од кое излегле двајца полицајци и ги повикале, а за тоа што зборувале не знаел.Наведе дека после 4 дена од настанот случајно го сретнал Горан , така што возилото го паркирал на паркингот во близина на настанот и по ликот го препознал, па му пришол и му рекол ако има потреба ќе сведочи. Горан му побарал моб бр. и после 3 недели се виделе во кафичот Саншајн, каде му кажал дека ќе поднесе тужба и му требале податоци. При крај на октомври му рекол да се видат повторно во истиот кафич и му кажал дека ќе добие покана.На прашање дали бил присутен на друг ваков настан или тепачка  изјави дека, бил пристуен и ученсик на настан во кој бил ученсник во нарушување на јавен ред и мир за кој се водела постапка како малолетник и за истата бил опоменат. На прашање дали ги известил неговите родители за настанот и дека се пријавил да сведочи , изјави дека ги известил и дека тие му кажале дека тоа било негова работа. На прашање од обвинетиот зошто веднаш не се пријавил во полиција како сведок, сметал дека не треба самоиницијативно да се пријави. 

Пред судот пристапи сведокот Христина Лозановска, која наведе дека, таа е пријателка со Наум и живее во зграда во близина на настанот. Вечерта околу 23 часот заедно со Наум излегле со патничкото возило на Наум, се движеле во попречата улица со намера да одат во Центар. Кога пристигнале на улицата било запалено цревно светло, застанле во колона возила. Додека чекале меѓу нивното возило почнало да навлегува бочно друго возило.Тоа влегувало со предната половина, но бидејќи немало место да помине бидејќи немало растојание меѓу возилата.Прво има давал знак да се вратат назад за да помине, а во меѓувреме застанало друго возило позади нив и му кажале да почека. Горан упорно со гестови му наредувал да се вратат назад, но видно изнервиран излегол од возилото и отишол на сувозачкото место во колата и се обидел да го докачи Наум и ја влечел сопатничката, но не успеал, па ја заобикол колата и отишол од другата страна, а Наум излегувајќи од колата бил нападнат од Горан со боксови, а претепоставувала дека имало и метален дел, најверојатно прстен. Наум почнал да се брани така што пред лицето ги ставил рацете. За тоа време сведокот бил во возилото и слушала дека женско лице од возилото на Горан му викало да престане. Возилата што биле по возилото на Наум си заминале, а тепањето траело 5-10 мин, па некој повикал полициско возило кое се движело во близина. Полициското возило застанало во близина од кое возило излегле 2-3 полицајци, а Наум заминал да бара помош, а Горан го променил изразот на лицето. Горан заминал зад полициското комебе со еден од полицајците, а Наум им објаснувал што се случувало, па и таа како сведок отишла до полицајците со цел да им каже што се случувало, но истите и рекле да се врати во возилото. Откако се вратил Наум во возилото заминале во Градската болница, од каде биле препратени на Очната клиника.

Сведокот наведе дека во внатрешната контрола на МВР поднеле пријава, но одговор немало. 

Пол. на пр. тужител приговори на сведокот во делот дека обвинетиот бил истепан, сведокот како близок пријател го дала пристрасно.

Пред изведувањето на материјалните докази, дали ќе се изведуваат други вербални докази, освен сведокот Марија Ангелова други сведоци не се предлагаат, па поради тоа што сведокот Марија се породила на 21 октомври, побара од судот претерсот да се одложи за месец јануари, а судот истиот предлог го прифати.

Главниот претрес се одлага за 28.01.2014 година во 13 ч во судница 17 Основен суд 1.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo