Демократија

Хелсиншкиот комитет преку своите активности придонесува за унапредување на демократските практики и амбиент во државата. Во континуитет, Комитет учествува во градењето на јавни политки кои имаат за цел да обезбедат сеопфатен процес на вклученост на сите граѓани и со тоа консолидирање на демократијата. Унапредувањето на демократискиот амбиент во државата Комитетот го врши преку активен граѓански активизам, програмски активности кои имаат за цел да придонесат кон подобрување на квалитетот на понудените решенија од страна на надлежните институции и директна соработка со граѓаните и граѓанските организации. Исто така, Хелсиншкиот комитет во наредниот период преку конструктивен и критички пристап ќе придонесува кон реализација на една од клучните стратешки цели на Република Северна Македонија – членството во Европската Унија. Нашите активности ќе бидат насочени кон вградување и исполнување на политичките критериуми, со посебен осврт на фукционирање на демократските институции во државата и понатамошно надградување на граѓанскиот карактер на државата.