мк      en      sq
пребарај
СООПШТЕНИЕ
По повод случајот на осомничениот родител за полов напад врз своите три малолетни ќерки, објавен во медиумите на 25.08.2010

.......................................................

Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија
11-17 Септември, 2010 год
Хотел „Белведере“ Охрид
АПЛИКАЦИЈА

.......................................................

Европски суд за човекови права
СТРАЗБУР
10 јуни 2010

Случај:
Томислав Спасовски против Република Македонија

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја утврди повредата на Член 6 од Европската Конвенција за човекови права во случајот на Томислав Спасовски против Република Македонија.

.......................................................

На 54-та сесија на Комитетот за првата на детето, која се одржа на 27 и 28 мај 2010, беа разгледувани Вториот периодичен извештај на Република Македонија за исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултативните протоколи на Конвенцијата.
ПРОЕКТИ
Презентирана финалната активност на Проектот “Етаблирање на мониторинг на граѓанското општество во борбата против трговија со луѓе во Република Македонија“
12-ти април, Дом на АРМ - Скопје
Настанот беше во функција на јавно презентирање на резултатите, исходите и конкретните препораки на самиот проект базирани од перспектива на фактичкиот локален одговор во подрачјето на превенцијата на овој сложен криминал во нашата држава.

.......................................................

ПРОЕКТ
Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
СИГМЕ 7 – Центар за интердисциплинарни истражувања, образование и развој
Прашалникот можете да го симнете ТУКА
Општо прифатени дефиниции за облици на дискриминација
Распоред
Агенда

.......................................................

Забелешки на предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација
Изработени од Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија
Забелешки на предлог - Закон за здруженија и фондации

.......................................................

Охрид, 12-19 Јануари 2010 година

Школата за човекови права во Република Македонија се одржа во периодот од 12-19 Јануари 2010 год. во Хотел „Гранит“ во Охрид. Во рамките на истата беа вклучени вкупно 25 средношколци на возраст од 16-19 год. од различни градови како: Скопје, Прилеп, Куманово, Гостивар, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево, Битола и Дојран.

.......................................................


Алтернативен извештај на невладините организаци кон државните извештаи за состојбата со правата на детето во Република Македонија

.......................................................

СООПШТЕНИЕ

20 годишнина на Конвенцијата за правата на децата
Оваа година се навршуваат 20 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. За жал во текот на последните неколку години се зголемува бројот на случаи поврзани со повреда на правата на детето кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а се зголемува и бројот на јавно објавените случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повредата на правата на детето.
Анализа
ПРАВАТА НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА

.......................................................

.......................................................

Извештај на Стејт департментот за човековите права
Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на своите граѓани иако има проблеми во некои области.

.......................................................

60 години од Универзалната декларација за човековите права
Порака по повод 10 декември Денот на човековите права и 60 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права

Стејт Департментот го објави Извештајот за трговија со луѓе кој го покрива периодот од март 2007 до март 2008 година.
Светските лидери не успеваат да се справат со кршењето на човековите права во светот, предупредува Амнести интернешнал.
Амнести интернешенел за Македонија:
Во Македонија е постигнат напредок во реформите на полицијата и во правосудството, но продолжува дискриминацијата на малцинствата, особено на ромската популација, се наведува во годишниот извештај на Амнести интернешенел за почитувањето на човековите права.
Извештај "Граѓански засновани анализи"

Комитетот на Советот на Европа за борба против тортура ја обвини Македонија за лошо постапување со лица лишени од слобода, во извештајот објавен во средата

пријави се за e-mail вести
e-mail адреса:
 
Посебни анализи

Има ли владата РЕАЛНА стратегија за борба против “белата чума“?

Вовед

Македонија, според статистичките показатели, веќе неколку години се соочува со намалување на природниот прираст, стагнација на наталитетот, зголемена стапка на морталитет и тенденција за забрзано стареење на населението. Според статистиката, младите со високо образование најчесто остануваат на едно до две, додека оние со ниско образование имаат повеќе деца[1].

Во 2008 год. Владата на Република Македонија подготви Стратегија за демографски развој на Република Mакедонија 2008-2015, во која, како прва специфична стратешка цел ја постави борбата против намалениот наталитет и создавање услови за одржлив демографски развој на земјата. Со промена на релевантните законски одредби, секое семејство, доколку живее во законски одредените општини во РМ, кое ќе го зголеми бројот на членовите од 1 јануари ќе добие помош од државата, како дел од програмата на Владата да се сопре негативниот тренд на опаѓање на наталитетот во Македонија.

Родителите кои по 1 јануари 2009 ќе го добијат своето второ дете, во текот на 2009 год. месечно ќе добиваат по 5.000 денари во траење од девет месеци, а 8.250 денари ќе добијат родителите кои се одлучиле за трето дете. Оваа помош родителите ќе ја добиваат во траење од 10 години, додека 15 години, родителите кои го добиле своето четврто дете месечно ќе добиваат 11.500 денари. Родителскиот додаток ќе го примаат мајки, а во исклучителни случаи и таткото или старателот кои живеат најмалку три години во општините каде што природниот прираст на населението е под 2,1 промили.

Една од мерките и интервенциите во Стратегијата е и подобрување на системот на финансиски надомест (платено породилно отсуство, паричен надомест по раѓање на дете, детски и посебен додаток) за охрабрување на семејствата за раѓање на деца. Меѓутоа, без разлика колкава плата земала жената, кога ќе отиде на породилно максимум може да добие 27.000 денари. Со ваквиот потег, државата ги обесхрабри жените кои економски можат да го поднесат одгледувањето на повеќе деца, да раѓаат и сосема неправедно и непоткрепено ги оштетува економски обезбедените мајки.

Во изминативе години купишта национални стратегии се вртеа низ Собранието – за евроинтегрирање, за приближување до НАТО, за надминување на сиромаштијата, за справување со невработеноста, за младите, за информатичкото општество, за развој на економијата, за здравството, за образованието.

Прашањето кое сега се наметнува е дали сега Владата на Република Македонија навистина има стратегија за борба против белата чума или ова е само една ad hoc мерка, која како и другите досега тешко ќе заживее.

Уште на самиот почеток сведоци сме на бројни проблеми поврзани со остварувањето на оваа цел, како финансиски (доцнење со исплата на средствата), така и правни (Уставниот суд на Република Македонија донесе Решение за поведување постапка за оценување на уставноста на членовите 30-а и 30-б од Законот за заштита на децата и Решение за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 24-а во делот: „која е со место на живеење во општините во кои порастот на природниот прираст е под 2,1 живородено дете по жена, а според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија, објавени за претходната година“ од Законот за здравственото осигурување).

Во Решението за поведување на постапка, Уставниот суд наведува дека со оглед на тоа што со членовите 30-а и 30-б од Законот се определува правото на родителски додаток за дете да го остваруваат само мајките кои се со место на живеење во општините во кои природниот прираст на населението е под 2.1, односно ова право да го остваруваат само една група мајки во рамките на определени општински граници или според територијален принцип, тие законски одредби не важат на целата територија на Република Македонија, создаваат нееднаквост и не се во функција на заштитата на мајчинството и на децата.

Хелсиншкиот Комитет го очекува исходот од покренатите постапки пред Уставниот суд и предупредува дека со законските измени директно се прави дискриминација на мајките во зависност од тоа во која општина живеат, со утврдувањето дека носител на правото е само мајката, а таткото само во исклучителни услови, се врши родова дискриминација. Гледајќи ја листата на општини кои ги исполнуваат условите, од кои само во 2 (Зајас и Осломеј) поголемиот дел од населението е од албанска националност, се добива чувство дека постои и етничка дискриминација. Точно е дека листата на општини е направена врз основа на цензусот од 2,1%, но сепак е симптоматично тоа што со овој цензус влезени се само две општини со над 90% албанска припадност и неколку со мал процент на жители од албанска национална припадност.

Меѓународна регулатива

Забраната на дискриминација е еден од основните принципи на правата на човекот кој се заснова на еднаквата вредност и достоинство на сите човечки суштества. Овој принцип е артикулиран во сите меѓународни и регионални инструменти за правата на човекот. Член 1 од Универзалната Декларација за правата на човекот гласи: “Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права“. На сите им припаѓа еднаква заштита од каква и да е дискриминација.

Во членот 14 од Европската конвенција за човекови права се наведува:“... уживањето на правата и слободите, признати со оваа Конвенција, ќе се  обезбеди на сите без дискриминација, без оглед на пол, раса, боја на кожа, јазик, религија, политичко или друго уверување, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, сопственост, род или друг статус“. Забраната на дискриминација е уште повеќе нагласена со донесувањето на Протоколот 12[2] на Европската конвенција за човекови права според кој никој нема да биде дискриминиран од страна на било која власт по било кој основ.

Исто така, во членот 2[3] од Конвенцијата за правата на детето е предвидено дека државите ги почитуваат правата содржани во Конвенцијата за секое дете под нивна јуриздикција без било каква дискриминација.

Дури и во Препораката R (92) 2 на Комитетот на министри[4] до државите членки за обезбедување семејни бенефиции е определено тие да бидат генерално достапни. Во истата е наведено дека имајќи го во предвид правото на социјална сигурност и забележувајќи дека концептот на семејни бенефиции може да вклучи во секоја држава членка најразлични видови бенефиции, им се препорачува на државите-членки развивање на правото на семеен додаток за сите деца кои живеат во секоја од земјите-членки на оваа препорака.

Компаративен преглед на правото на додаток за деца

Република Бугарија во 2002 год. донела посебен Закон за фамилијарна поддршка за деца во кој се регулира прашањето за финансиска поддршка на фамилијата во процесот на раѓање и одгледување на деца. Она што може да се забележи е дека носител на финансиската бенефиција е како мајката така и целата фамилија во зависност од просечните примања по фамилија.

Република Хрватска исто така има закон насловен како Закон за додаток за деца во кој додатокот се определува како финансиско примање кое му користи на родителот или друга личност како поддршка во издржување и одгледување на децата. Правото на додаток за деца се стекнува и остварува во зависност од висината на вкупниот приход на членовите на домаќинството како и други услови утврдени со законот. Со законот се изедначуваат правата на лица во вонбрачна со оние во брачна заедница.

Дополнителен услов за стекнување на ова право е корисникот да живее во домаќинство со детето а доколку детето нема родители тогаш истото е носител на правото. Додатокот се определува во форма на месечна финансиска поддршка.

Во Норвешка се употребува таканаречениот Cash Benefit Act кој обезбедува финансиски бенефиции за родители со мали деца. Носител на финансиската поддршка е лицето со кое детето живее а доколку родителите живеат заедно и двајцата аплицираат за додатокот тогаш носител на правото е мајката. Додатокот се исплаќа месечно во вид на финансиска бенефиција.

Во Република Словенија е предвидено право на голем/висок семеен додаток за семејства со три или повеќе деца до 18 години или до 26 години доколку се на редовно школување.

Во Австралија предвиден е поголем број на додатоци за финансиска помош за одгледување на деца. Еден од нив е и големиот/висок семеен додаток за семејства со три или повеќе деца. Статистичките податоци покажуваат дека австралискиот наталитет е зголемен, по воведувањето на Бонусот за бебиња во јули 2004 год. Бонусот не зависи од личниот доход и се дава и на немажени мајки. Тој е, исто така, ослободен од даноци.

Како што може да се види од компаративната анализа, она што е заедничко е дека законите важат за сите семејства, односно за сите деца подеднакво. Сите оние кои ги исполнуваат условите од законот можат да се стекнат со правото на финансиска помош и носител на правото не е само мајката.

Национално законодавство

I. Со измените на Законот за заштита на децата од 04.08.2008 год. во Република Македонија проширени се правата на заштита на децата врз основа на овој закон и востановено е право на родителски додаток за дете. За жал со овие измени на законот се врши дискриминација на голем дел од семејствата во Република Македонија.

Според измените на законот родителски додаток за дете остварува мајка за своето второ, трето и четврто живородено дете, која е со место на живеење во општини на Република Македонија со стапка на природен прираст на населението под 2,1 според статистичките податоци од Државниот завод за статистика на Република Македонија објавени пред 2 години од тековната година. Правото го остварува мајка која непосредно се грижи за детето за кое поднела барање. Правото на родителски додаток, во случај мајката да не е жива, да го напуштила детето, или од оправдани причини да е спречена непосредно да се грижи за детето, правото наместо мајката може да го оствари таткото или старателот.

Согласно член 9 став 2 од Уставот на Република Македонија “Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви“. Оттука, еднаквоста во примената на правото според Уставот на Република Македонија претставува појдовна основа во остварување на принципот на  еднаквост на жената и мажот. Ова право опфаќа два елементи: 1) сите граѓани подеднакво се третираат во законодавниот текст, односно законот важи подеднакво за сите граѓани (erga omnes tangit) и 2) законот подеднакво се применува кон сите граѓани од страна на државните органи, што значи заштита на граѓаните од секаков вид дискриминација во уживањето на правата, но и во извршувањето на законодавните обврски.

Со вметнувањето на членот 9 во Главата на Уставот на Република Македонија за основните слободи и права на човекот и граѓанинот, односно во делот кој се однесува на граѓанските и политичките права, уставотворецот прифатил дека ,,правото на недискриминација,, има вредност на право на човекот само за себе. Ова ,,право,, се смета за рамковно, општо право кое треба да биде почитувано во однос на одделните права на човекот.

Уставот на Република Македонија очигледно ја инкорпорира забраната на дискриминацијата, но ја поставува многу пошироко - како  принцип на еднаквост на граѓаните. Од една страна принципот на еднаквост ја содржи забраната за дискриминација, а од друга тој истовремено е ставен во функција на другите слободи и права гарантирани со Уставот, систематизирани како граѓански, политички, економски, социјални и културни. Според тоа, сите права Уставот на Република Македонија им ги признава под еднакви услови на сите граѓани.

Од содржината на оваа уставна одредба произлегуваат три основни консеквенции во поглед на забраната на дискриминација:

Прво, со подигнувањето на принципот на еднаквост на ниво на уставна норма се постигнува највисок облик на негова правна гаранција во рамките на домашниот правен поредок.

Второ, забрана наведените човекови природни особини и општествен статус да бидат основа за нееднаква правна положба на граѓаните при уредувањето на општествените односи со општи правни норми и

Трето, остварувањето на слободите, правата и должностите на човекот и граѓанинот да се одвива преку еднаква примена на Уставот и законите.

Како што веќе истакнавме, преку медиумите и на веб страната на Министерството за труд и социјална политика е објавено дека : “За второ, трето или четврто дете кое ќе се роди по 1 јануари државата ќе донира од 5.000 до 11.500 денари со цел да го сопре негативниот тренд на природен прираст со кој неколку години се соочува Македонија.

Владината стратегија за спречување на т.н. „бела чума“ опфаќа родителски додаток од 5.000 денари месечно во траење од девет месеци за секое второ дете, по 8.250 денари за трето дете во траење од 10 години, а за четврто дете ќе следуваат 11.550 денари месечно во траење од 15 години.

Родителскиот додаток ќе го примаат мајки, а во исклучителни случаи и татко или старател кои живеат најмалку три години во општините каде што природниот прираст на населението е под 2,1 промили“.

- Едно од прашањата кое се поставува е зошто е земена како граница токму стапката од 2,1 промил ? И уште повеќе, каква е стратегијата за борба против намалениот наталитет за оние семејства кои сакаат второ, трето или четврто дете, но не живеат во една од општините со стапка на природен прираст на населението под 2,1? Од која причина истите се лишуваат од финансискиот стимул? Каде е стимулот за овие семејства?

- Исто така, останува  нејасен и терминот “непосредно да се грижи за децата“, кој и со донесениот правилник не беше дообјаснет. Дали тоа значи дека доколку мајката е вработена не може да го оствари ова право на родителски додаток? Дали во тој случај работниот однос на мајката се смета за оправдана причина и таткото ја добива можноста да биде носител на правото на родителски додаток?

- Ниту во законот, ниту во Правилникот не е дообјаснето прашањето кој ќе биде носител на родителскиот додаток во услови кога родителите се разведени и детето живее со својот татко. Тогаш сигурно дека како носител нема да може да се јави мајката, сепак се работи за родителски додаток ЗА ДЕТЕ.

Поблиските услови и критериуми за остварување на право на родителски додаток за дете се утврдени со донесениот Правилник за поблиските услови, критериуми и начинот на остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче и на правото на родителски додаток за дете. Во него конкретно е наведено дека правото на родителски додаток за дете може да го оствари таткото, односно старателот доколку мајката од оправдани причини е спречена непосредно да се грижи за детето во случај на:

-          Подолготрајно континуирано болничко лекување на мајката,

-          Сериозно нарушена здравствена состојба на мајката,

-          Студиски престој, усовршување и специјализација на мајката,

-          Одземена деловна способност на мајката.

Ова се екстремни случаи кои поретко настануваат и со тоа му се ускратува правото на таткото да биде носител на правото на родителски додаток.

Исто така, никаде конкретно не е дефинирано дали истите овие права важат и за сите посвоени деца, а не само за првото.

II. Истовремено со измените на Законот за заштита на децата беше донесен и Закон за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита.

Во него е предвидено ново право на социјална помош и тоа право на парична помош на мајка која родила четврто дете. Право на парична помош има мајка која родила четврто живородено дете од 1 јануари 2009 година. Правото од ставот 1 на овој член го остварува мајка која се грижела за децата до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија, по наполнувањето на 62 години живот.

Еден од проблемите кој се јавува со донесувањето на измените на овие два закона е определувањето само мајката да биде носител на правото на родителски додаток и можноста само мајката да остварува право на парична помош за четврто дете.

Во претходните одредби од Законот за заштита на децата, конкретно кај правото на користење на еднократна парична помош за новороденче носител на правото е еден од родителите, а во однос на воведениот родителски додаток носител е мајката. Само во одредени екстремни случаи правото може да го оствари таткото или старателот. И во Законот за социјална заштита ова е прв пат да се ограничува само еден од родителите да биде носител на одредено право на социјална помош.

Имајќи ги предвид одредбите од Законот за еднакви можности на жените и мажите се забранува дискриминација врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областите на ... социјалната сигурност, согласно со овој или друг закон. Дискриминација значи секое разликување, искористување или ограничување врз основа на пол што го загрозува или оневозможува остварувањето или заштита на човековите права и слободи. Самиот закон предвидува дека воспоставувањето на еднакви можности е обврска на целото општество и претставува отстранување на пречките за воспоставување и остварување на еднаквост меѓу жените и мажите, преку превенција и отстранување на нееднаквиот третман на жените и мажите и воспоставување на услови за воведување на еднакво учество на жените и мажите во сите сфери на општествениот живот.

Тоа подразбира право и на таткото, а не само на мајката да биде носител на одредено право, и тоа во редовна постапка, а не само во исклучителни ситуации.

Под претпоставка во одредени општини поголем број вработени лица да се жените, а мажите се тие кои се дома и непосредно се грижат за децата, се поставува прашањето зошто да не се даде можност и на таткото да биде носител на право на социјална помош за четврто дете. Од ова произлегува дека потребна е итна измена на Законот за социјална заштита, така што наместо Право на парична помош на мајка која родила четврто дете, истото да гласи Право на парична помош за четврто дете и носител на ова право да биде еден од родителите, а не само мајката.

ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ

Хелсиншкиот Комитет ја поздравува иницијативата на Владата на Република Македонија да го стимулира зголемувањето на природниот прираст. Врз основа на прашањата кои произлегоа од анализата на Законот за измени и дополнување на Законот за заштита на децата и Законот за измени и дополнување на Законот за социјална заштита, а со цел надминување на проблемите кои би произлегле од законите сакаме да ги истакнеме следниве препораки:

1. Да се овозможи добивање на родителски додаток за второ, трето и четврто живородено дете за сите семејства на територија на Република Македонија 
 
2. Носител на правото на родителски додаток да биде семејството со кое живее детето, а не само мајката.
 
3. Измена на Законот за социјална заштита, така што наместо Право на парична помош на мајка која родила четврто дете, истото да гласи Право на парична помош за четврто дете и носител на ова право да биде еден од родителите, а не само мајката.  
 
4. Конкретно утврдување на правата кои би ги добиле семејствата или самохраните родители во услови на посвојување на едно или повеќе деца.

(9.3.2009)

--------------------------------------------------------------------------------

[1] www.stat.gov.mk
[2] Протокол 12 на ЕКЧП
1. Уживањето на правата утврдени со закон ќе бидат загарантирани без дискриминација, без оглед на пол, раса, боја, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, сопственост, раѓање или друг статус.
2. Никој нема да биде дискриминиран од страна на било која власт по било кој основ како оние наведени во параграф бр.1. 
[3] Член 2 од КПД
1. Државите – членки на оваа Конвенција ги почитуваат и ги обезбедуваат правата содржани во Конвенцијата за секое дете под нивна јурисдикција без било каква дискриминација и без оглед на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповедта, политичкото или друго убедување, националното, етничкото или социјалното потекло, имотната состојба, онеспособеноста, потеклото или друг статус на детето или на неговиот родител или законски старател.
2. Државите – членки ги преземаат сите потребни мерки за да се обезбеди заштита на детето од сите облици на дискриминација или казни засновани врз статусот, активностите, изразеното мислење или убедување на родителите, законските старатели или членовите на семејството на детето.
[4] Усвоена на 13.01.1992 година/Совет на Европа

Вести
Во извештајот се вели дека разузнавачките служби во три европски земји немаат утврдени упатства за тоа како да ги третираат информациите што доаѓаат од земја за која е познато дека користи тортура.
ФУЕРЕ ЗА СОСТОЈБАТА ВО „ИДРИЗОВО“
Состојбата во затворот „Идризово“ е ужасна, полоша и од најлошите бегалски кампови во Латинска Америка и од малолетничките затвори во Јужна Африка во времето пред да биде затворен Нелсон Мендела. Ова е оценката на евроамбасадорот Ерван Фуере, кој вчера заедно со народниот правобранител Иџет Мемети ја посети КПУ „Идризово“.
Државната Дума на Руската федерација гласаше во полза на предлог-законот  за ратификација на Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права. Гласањето  го поплочува патот за да стапи во сила и да започне да се  применува Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права, а кој е веќе ратификуван од страна на другите 46 земји - членки.


Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бообата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат надлежните.
ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Грчкиот Хелсиншки комитет и Групата за малцински права пред Комитетот на ОН ќе го презентираат извештајот во кој се наведени редица примери за кршење на човековите права на Македонците


ИНТЕРВЈУ
Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет


Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле.

МЕДИУМИТЕ ЗА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2008

Електронски медиуми
А1 ТВ
АЛФА ТВ
АЛСАТ ТВ
КАНАЛ 5 ТВ
СИТЕЛ ТВ

Печатени медиуми
ДНЕВНИК
УТРИНСКИ ВЕСНИК
ВЕЧЕР
ВРЕМЕ

Далеку од очите на јавноста и без најава мина средбата на првиот човек на Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа, Мауро Палма со владиниот врв.

ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Извештај за посетата на затворените институции во Македонија од страна на делегацијата на невладини организации што се занимаваат со проблематиката на човековите права, реализирана на 29 и 30 јуни 2004 год.

Европските истражни експерти против тортура ја повикаа Македонија да запре со врзување на престапниците со заеднички ланци и да стори повеќе во борбата со корупцијата и условите во затворите.
На седницата членовите на Комитетот против тортура на ОН дале генерално позитивна оценка за големиот напредок и реформите направени во последните години и ја поздравиле подготвеноста на Македонија за дијалог по сите отворени прашање.

ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР
Државата ќе треба да им исплати отштета на петмина штипјани оти не била спроведена истрага дали тие биле жртви на полициска бруталност
Подигање свест кај судиите, обвинителите и адвокатите во врска со меѓународните стандарди за притворање пред судењето, беше тема на конференцијата која денес заврши во Скопје, а беше поддржана од Мисијата на ОБСЕ.
СООПШТЕНИЈА
На 1-ви фебруари 2008, во сила стапи Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе, откако истата беше ратификувана од потребниот број на држави[1].

         


Aдреса: Ул. Даме Груев 8/5, П.ФАХ 58, 1000 СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   •   Тел/факс: ++ 389 (0)2 3119 073, ++ 389 (0)2 3290 469   •   E-mail:
helkom@mhc.org.mk