Corner Поднесоци

Писмо до Владата на РМ по повод предложените уставни измени 29 Септември 2014

Почитувани,

Како предлагач на уставните амандмани XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI, XXXVII, XXXVIII и XXXIX, а во согласност со заклучоците на Собранието на РМ од 27 август 2014, ви ги доставуваме нашите забелешки, предлози и сугестии во врска со Нацрт амандманите. 

На 17 септември 2014 година спроведовме јавна расправа* која беше отворена за јавноста, а на која како говорници беа поканети лица за кои сметавме дека можат стручно, отворено и со конструктивна криткика да го дадат своето видување по однос на Нацрт амандманите. Како резултат на нашите и стручните ставови искажани од учесниците на јавната расправа, ви доставуваме забелешки и предлози за секој Нацрт амандман поединечно.

Сепак, во овој воведен дел би сакале да ја изразиме нашата општа забелешка за измените на Уставот. Тоа што особено нè загрижува е отсуството на демократска атмосфера во процесот на менување на највисокиот правен акт. Како никогаш досега овие измени на Уставот се спроведуваат со голема брзина, несоодветна консултација со јавноста и во отсуство на опозицијата од Собранието на РМ. 

Дополнително, неприфатлво е носење на крупни уставни измени без за тоа да постои соодветна стратегија и јасна цел. Според тоа, јавноста не само што не е запознаена со целите на уставните измени, туку не ѝ се познати ниту последиците и промените кои овие измени ќе ги имаат врз општествениот живот. Понатаму, кусите и неиздржани образложенија на Нацрт амандманите укажуваат на  неодговорниот пристап на Владата при креирањето на најзначаните правни акти. 

Имајќи го сево ова предвид, бараме од Владата да ги повлече Нацрт амандманите. Уставот на РМ треба да остане акт кој ги гарантира слободите и правата на човекот и граѓанинот и кој ги поставува темелите на функционирањето на државата, а не акт кој ќе го руши суверенитетот на државата и кој ги претставува идеолошките заложби на актуелната владејачка партија. 

Забелешките и предлозите за секој нацрт на амандман можете да ги преземете на следниов линк 

*Целосната видео снимка од јавната расправа е достапна на: http://www.youtube.com/playlist?list=PLn4ovL5i_iAtJk8EMfCMl2VIKyzVKhLc5


Забелешките, предлозите и сугестиите по нацрт амандманите на Уставот на Република Македонија се изготвени од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Фондацијата Отворено општество - Македонија, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Македонскиот центар за европско образование и ЛГБТИ Центарот за поддршка.
Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal_normal_banner-stop-mk Normal_strategy_mk_photo