Corner Поднесоци

Претставка до Регулаторната комисија за енергетика 26 Септември 2012

При анализата на прописите донесени од страна на Регулаторната комисија, Хелсиншкиот комитет дојде до заклучок дека до укинувањето на дневната евтина тарифа за електрична енергија дошло како резултат на два прописа кои се донесени врз основа на непостоечки одредби од Законот за енергетика. Понатаму, дополнителни единаесет прописи Комисијата ги донела врз основа на погрешни или непрецизно утврдени одредби од споменатиот закон. Бидејќи според нас се работеше за пропусти во вкупно тринаесет приписи, ја известивме јавноста дека Комисијата во својата работа прави суштествени грешки. Истовремено, нашата анализа ја испративме до Комисијата, укажувајќи и дека донесувањето на такви прописи е недозволиво и ја доведува во прашање нивната легитимност. Од Комисијата побаравме одговор за тоа дали планира своите акти да ги укине, измени или исправи при што предупредивме дека во недостиг на соодветна реакција, истите ќе ги оспориме пред Уставниот суд.

Околу дваесет дена по поднесениот допис пристигна одговорот на Комисијата со кој не известија дека во двата прописи со кои се укина дневната евтина тарифа „направени се технички грешки и истите се испратени на објавување во Службен весник“. Набрзо, една исправка беше официјално објавена. За три од спорните прописи ни беше образложена методологијата на нивното донесување, по што утврдивме дека тие навистина не се спорни. Не беше понуден одговор за останатите прописи за кои укажавме дека се спорни, што не наведе на заклучок дека Комисијата е молкум согласна дека и тие се со грешки. Според тоа, по исправките и објаснувањето за дел од прописите, остануваат уште осум акти кои се важечки, а се со недостатоци. Ова го потврдува нашето првично стојалиште дека Комисијата има сторено суштествени повреди во извршувањето на своите надлежности.

Соопштение за јавноста можете да го превземете на следниов линк .

Претставката испратена до Регулаторната комисија можете да ја превземете на следниов линк .

Одговорот на Регулаторната комисија можете да го превземете на следниов линк .

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo