Corner Поднесоци

Иницијатива до Уставниот суд за Законот за семејство 17 Мај 2012

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денес до Уставниот суд поднесе Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредба од Законот за семејство. Се оспорува Член 94-б став 3 во кој е наведено дека „Под блиски лични односи во смисла на овој закон се подразбираат лични односи помеѓу лица од различен пол кои се или биле во партнерски односи, а не живеат во вонбрачна заедница.  

Законот строго ги дефинира правните институти – брак и вонбрачна заедница како заедници на живот на маж и жена, чии членови, заедно со членовите во семејството,  посебно се заштитени преку одредбите во Законот кои се однесуваат на семејното насилство.  Во членот 94-б од Законот,  законодавецот ги вклучил и блиските лични односи како основ според кој лицата кои се во такви односи можат да ја уживаат законската заштита од семејно насилство.  За сите наведени лица,  заштитата е предвидена преку посебен третман кој произлегува како од Законот, така и од Кривичниот законик. 

Оспорениот став 3 од членот 94-б блиските лични односи ги дефинира како лични односи помеѓу лица од различен пол, кои се или биле во партнерски односи,  а не живеат во вонбрачна заедница. Но, Законот тесно ја дефинира категоријата блиски лични односи, која претставува поширока категорија од бракот,  семејството и вонбрачната заедница, поради тоа што опфаќа многу поголем број на лица кои се или биле во партнерски односи со други лица,  а не живееле во вонбрачна заедница и истите можат да бидат жртви на семејно насилство. Со ваквото тесно и ограничено дефинирање на блиските лични односи како лични односи меѓу лица од различен пол,  законодавецот извршил директна дискриминација врз останатите лица кои имаат лични односи со лица од ист пол и истите мора да бидат опфатени во категоријата блиски лични односи, која Законот ја штити. 

Иницијативата можете да ја превземете на следниов линк .

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo