Corner Поднесоци

Иницијатива до Уставниот суд за Законот за прекинување на бременоста 27 Септември 2013

Денеска, Хелсиншкиот комитет за човекови права во соработка со доц. д-р Kaролина Ристова-Астеруд, Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Коалиција “Сексуални и Здравствени права на маргинализирани заедници”  и Реактор – Истражување во акција поднесе Иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за прекинување на бременоста („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/2013).

Иницијативата за поведување на постапка за оценување на измените направени во Законот за прекинување на бременоста следеше по опсежната анализа направена од страна на горенаведените а со цел да се обрати внимание на спорните членови: член 1, зборовите „постапката за одобрување на прекинување на бременоста“; ставот 2 од член 3 во делот „со писмена согласност од родителот“;  Ставовите 4 и 5 од член 3; член 4 став 1 зборовите „ставовите 4 и 5 од член 3“„како и пред истекот на една година од претходното прекинување на бременоста“; Ставот 3 од член 4; Во насловот на делот III, е зборовите „за одобрување“; Во член 6  став 1 зборот „писмено“  и формулацијата „во форма и содржина што ја утврдува министерот за здравство“; во член 6 став 2 зборот „барањето“ и зборовите „и друга потребна документација утврдена во членот 9 став 3 од овој закон“; Во член 6 , во став 3 зборот „е должен“;ставовите 4, 5, 7 и 8 од член 6; Членовите 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13 и 14; член 9 ставови 2 и 3; член 15 и Глава VII Казнени одредби, членови 36 и 37.

За подносителите на иницијативата овие спорни членови директно се во колизија со уставно загарантираните права на жената произведувајќи нееднаков третман и нееднаков пристап до Уставните права како што се слободно да одлучува за својот приватен и семеен живот, планирање на семејство, суверенитет на својот физички интегритет, слободен избор и слободно да одлучува и да се грижи за своето сексуално и репродуктивно здравје.

Иницијативата можете да ја преземете на следниов линк 

Законот за прекинување на бременоста можете да го преземете на следниов линк 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo