Corner Поднесоци

Иницијатива до Уставниот суд за Законот за лустрација 03 Септември 2012

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денес до Уставниот суд поднесе Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредби од Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на  државната безбедност (Закон за лустрација). 

Неуставноста, покрај другото, се огледа во временскиот период на кој законот се однесува - 2006 година, а не 1991, кога државата стана независна и воведе повеќепартиска демократија. Второ, одредбата со која се дозволува објавување на имињата на наводните поранешни полициски соработници, без право на жалба.

Главна цел на секој законот за лустрација е да се справи со минатото. Ова е причината зошто Советот на Европа донесе препораки кои се однесуваат на одредени стандарди, кои треба да бидат дел од тие закони. Ова особено се однесува на временскиот рок. Справување со минатото и со личностите кои во минатото имале јавна функција и ги кршеле човековите права, е главната цел на процесот на лустрација, така што тие личности можат да бидат предмет на лустрација.

Затоа Советот на Европа вели дека процесот на лустрација треба [само] да го опфаќа периодот до падот на поранешниот комунистички режим, кој во Македонија се случи во 1991 година. Апсолутна бесмислица е, и е сосема неразбирливо зошто во Македонија временскиот период за лустрација треба да биде до 2006 година, кога беше усвоен Законот за јавен пристап до информациите.

Освен соодветен временски период, секој закон, мора да опфати и соодветна постапка, односно формирање на тело кое ќе биде задолжено за лустрација. Тоа е уште една од точките на која укажавме во нашата иницијатива, бидејќи сметаме дека со сегашниот закон, на Комисијата ѝ е дадена јуриздикција на суд. Како може тело кое не е судско, да има право да донесува одлуки кои имаат ефект на судска одлука – односно да донесува одлуки кои се конечни и без жалбена постапка?

Тоа е неуставно, бидејќи уставот на сите граѓани им гарантира право на жалба на секое дејство кое се однесува на нив. А тело формирано од страна на Владата не може да преземе јуриздикција на суд. Тоа е спротивно на принципите на владеење на правото и на поделба на власта на законодавна, судската и извршна. Но, во овој случај Владата, што значи извршната власт, презема судска улога.

Иницијативата можете да ја превземете на следниов линк.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo