Corner Соопштенија

Регионални напори за унапредување на човековите права на South Еast Еurope Legal Days 28 Мај 2019

Претставнички на Хелсиншкиот комитет за човекови права и ЛГБТИ центарот за поддршка учествуваа на конференцијата South Еast Еurope Legal Days, која деновиве се одржува во Белград со цел да се унапредат човековите права во регионот. Ова е прв регионалeн настан од ваков вид каде што граѓанските организации, институциите кои работат на промоција и заштита на човековите права, образовните и други установи се среќаваат на едно место за да разменат искуства и знаења. 

Хајди Штерјова Симоновиќ учествуваше на панелот ,,Како да се спречи насилството во семејството? Како ефикасното законодавство може да ни помогне во тоа?’’ со осврт на ратификацијата на Истанбулската конвенција и почетокот на нејзината имплементација во нашата земја. Таа зборуваше за постојните законски мерки во оваа област и проблемите во праксата, како и на процесот на донесување на нов Закон за спречување и заштита од родово базирано насилство, вклучувајќи го и домашното насилство.
На настанот се воспоставија контакти со организации и институции од целиот регион кои може да помогнат во пренесување на позитивните искуства и пракси. Хелсиншкиот комитет и ЛГБТИ центарот се претставија и на штандови во рамки на саемот на Legal Days.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo