Corner Соопштенија

Повик за ангажман на дизајнер(к)а 22 Мај 2019

Општи информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот „Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Северна Македонија“ објавува повик за ангажман на дизајнер/ка во областа на работничките права. Дизајните ќе бидат во форма на инфографици, брошури и презентации и ќе опфатат материја поврзана со законската рамка, меѓународното и компаративното право, истражувачките прикази и документите за јавни политики.

Насоки за пријавување

Право да учествуваат на овој повик имаат дизајнер/ки кои ги исполнуваат следните критериуми:

-Работно искуство со институции, граѓански и меѓународни организации и донаторски агенции;

-Можат да посочат портфолио кое ја отсликува нивната работа;

-Работно искуство со дизајни во областа на работничките права, минималните стандарди за работа, условите за работа и квалитетот на спроведување на истите ќе се смета за предност.

Работните задачи вклучуваат:

-Доставување на дизајните до проектниот тим во договореното време;

-Давање иницијативи и предлози за начинот на којшто треба да изгледа дизајнот; и

-Одржувањекомуникација со координаторот во врска со спроведувањето на обврските.

Повикот е отворен за пријавување од страна на правни и физички лица.

Спроведување на активностите

Хелсиншкиот комитет ќе избере еден/една главен/главна дизајнер/ка и двајца/две дополнителни дизајнер/ки. Со секој/а од избраните кандидати, Хелсиншкиот комитет ќе потпише договор во кој ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски, а исплатата на надоместоците ќе се врши директно на ангажираните лица/фирми. Времетраењето на ангажманот на дизајнер(к)ите ќе биде 22 месеци, почнувајќи од 1.6.2018 година до 31.3.2021 година.

Начин на пријавување и избор

За пријавување за учество кандидатите/тимовите треба да достават:

-професионална биографија со вклучени референци за претходни соработки;

-понудена нето и бруто цена во денари по еден креативен час или по продукт со детално образложени ставки;

Документите за пријавување ве молиме задолжително да ги доставите во pdf. формат на е-маил адресата helkom@mhc.org.mkнајдоцна до 27 мај 2019 година. За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената меил адреса и е-маил адресатаVildan.Drpljanin@mhc.org.mk, како и телефонските броеви +389 2/3119-073 и +389 71594553. Изборот на дизајнер(к)ите ќе се врши врз основа на искуството, квалитетот и понудената цена од страна на пријавените.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo