Corner Соопштенија

Стоп за притисоците врз здравствените работници! 06 Декември 2012

Следејќи ги настаните поврзани со штрајкот на лекарите и воедно постапувајќи по барањето за правна помош од нивна страна, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ ја изразува својата загриженост за дејствијата што се преземаат од страна на Министерството за здравство, а несомнено говорат за злоупотреба на надлежностите со „легални мерки“ заради спречување на уставното право на штрајк.

Имено, штрајкот е едно од основните човекови права кое е гарантирано со Уставот и  иако штрајкот на здравствените работници подлежи на посебен режим кој произлегува од должноста на државата да обезбеди здравствена заштита во секое време, доколку е обезбедна итна медицинска помош и минимална функција на здравствените установи, никој нема право штрајкоt да го спречува или да смеќава истиот да се одвива.

Притоа, Хелсиншкиот комитет исто така потсетува дека и обајвувањето на лични податоци на лекари со најголеми прекршоци на „ѕидот на срамот“, поставување на камери во несоодветни простории во здравствените установи, идејата за „црвен телефон“ и воведувањето на моделот за плаќање по успешност и  други дејствија што претходеа на штрајкот на лекарите претставуваа форми на притисок од страна на државата што никако не можат да се дефинираат како демократски.  

Во услови кога македонското општество се повеќе се карактеризира како општество во кое слободата на изразување и слободата на медиумите, а воедно и правото на здружување се сериозно загрозени, Хелсиншкиот комитет смета дека последните постапувања на Министерството за здравство можат само уште повеќе да ја зајакнат таа перцепција и никако не придонесуваат во јакнењето на правната држава и почитувањето на човековите права.

Оттука, Хелсиншкиот комитет најостро реагира против начинот и формите за присила што се спроведуваат преку таканаречени законски мерки и притоа укажува дека и понатаму ќе ги мониторира овие состојби но и дека ќе им обезбедува правна заштита на лекарите заради остварување на нивните права согласно Устав и закон. 

Хелсиншкиот комитет воедно ја информира јавноста дека денес достави писмо до Министерот за здравство во кое го повикува да престане со смеќавањето на штрајкот, притисоците, заканите, политичкото етикетирање и да започне итни преговори со Самостојниот синдикат и сите засегнати страни заради изнаоѓање прифатливо решение кое ќе резултира со измени во постоечките колективни договори и договорите за вработување.   

Соопштението можете да го превземете на следниов линк .

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo