Corner Соопштенија

Повик за ангажман на обучувач/ка за Истанбулска конвенција 14 Мај 2019

Нарачател: Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија

Проект: Елиминација на родова нееднаквост преку институционални и дигитални интервенции 

Донатор: Kvinna till Kvinna

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија од јануари 2019 година го спроведува проектот “Елиминација на родова нееднаквост преку интервенции на институционални и дигитално ниво” финансиран од страна на шведската фондација Kvinna till Kvinna. Проектот се фокусира на намалување на родовата нееднаквост во земјата преку интервенции на повеќе нивоа, и тоа: институционално и дигитално ниво, како и обезбедување бесплатна правна помош на жени жртви на родово базирано насилство.

Главната цел на проектот е намалување на родовата нееднаквост во земјата, а една од компонентите на проектот преку која ќе се постигне главната цел е: подобрена имплементација на Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (понатаму во текстот: Истанбулска Конвенција) од страна на државните институции, како и зајакнување на нивните капацитети и знаење за стандардите кои Конвенцијата ги налага.

Компонентата се состои од следење, мониторинг и поддршка при имплементацијата на Националниот акциски план за спроведување на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, како стратешки документ на Владата на Република Македонија, како и зајакнување на капацитетите на државните службеници и професионалци, вклучени во нејзина имплементација преку обуки.

II. АКТИВНОСТИ И ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАНОТ

Конкретно активноста е следна: Испорачување обуки за зајакнување на капацитетите на институциите вклучени во имплементацијата на НАП-от и превенција од семејно и родово базирано насилство. (јавни обвинители/судии, центри за социјална работа, полиција, општини, училишта, центри за јавно здравје ). Обуките се однесуваат на стандардите кои ги пропишува Истанбулската конвенција и нејзина директна примена.

Предвидени се 6 (шест) еднодневни обуки, а ќе се одржат во неколку градови: Струмица, Тетотово, Скопје (другите градови, ќе бидат предмет на договор).

Конкретен предмет на ангажманот ќе биде:

  • Креирање на содржината и модулите на обуката следејќи ги препораките на Прокетната коориднаторка и МТСП
  • Испорачување на обуките (6 работни дена)
  • Подготвување записник после секоја испорачана обука.

Повремени консултативни средби со проектната координаторка при имплементација на проектните активности кои произлегуваат од оваа проектна компонента.

Вкупниот борј на предвидени работни експертски денови се 13 (тринаесет):

  • -6 за испорачување на обуките
  • -7 за подготовка и известување.

III. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на македонски јазик. Условите и кретериумите за пријавување се следниве, CV -то треба да го демонстрира следново:

  • -Завршени додипломски или магистерски студии во областа на правото, политички науки, родови студии;
  • -Практично искуство до областа на заштита и превенција на родово- базирано/ семејно насилство (најмалку 5 години);
  • -Познавање на домашните закони, но и меѓународните правни инструменти на зашатита од родово базирано/ семејно насилство и заштита од родово базирана дискриминација, посебно Истанбулската конвенција;
  • -Иксуство од испорака на обуки и известување.
  • -Искуство од работа на меѓународни проекти како и работа со институции.

Покрај својата биографија, заинтересираните треба да испратат и финансиска понуда за експертската работа.

Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk и копија до tanja.stoimenovska@mhc.org.mk со назнака „експерт за Истанбулска конвенција“ најдоцна до 19 мај (недела) 2019 година.

За сите дополнителни прашања можете да се обратите во канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија или на (2) 311 9073 и/или до наведените електронски адреси. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo