Corner Соопштенија

Повик за ангажман на експерт/ка за имплементација на компонента за Истанбулската конвенција 13 Мај 2019

Нарачател: Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија

Проект: Елиминација на родова нееднаквост преку институционални и дигитални интервенции 

Донатор: Kvinna till Kvinna

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија од јануари 2019 година го спроведува проектот “Елиминација на родова нееднаквост преку интервенции на институционални и дигитални интервенции” финансиран од страна на Шведската фондација Kvinna till Kvinna. Проектот се фокусира на намалување на родовата нееднаквост во земјата преку интервенции на повеќе нивоа, и тоа: институционално и дигитално ниво, како и обезбедување бесплатна правна помош на жени - жртви на родово базирано насилство.

Главната цел на проектот е намалување на родовата нееднаквост во земјата, а една од компонентите на проектот преку која ќе се постигне главната цел е: подобрена имплементацијата на Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (понатаму во текстот: Истанбулска Конвенција) од страна на државните институции, како и зајакнување на нивните капацитети и знаење за стандардите кои ги налага Конвенцијата.

Компонентата се состои од следење, мониторинг и поддршка при имплементацијата на Националниот акциски план за спроведување на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, како стратешки документ на Владата на Република Македонија, кој ги дефинира активностите, клучните институции, индикаторите и временската рамка за преточување на одредбите на Конвенцијата во националното законодавство за периодот 2018-2023.

II. АКТИВНОСТИ и ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАНОТ

Активностите кои произлегуваат од оваа компонента се учество во имплементација на НАП-от преку мониторинг и евалуација и дијалог со засегнатите страни (МТСП, Академија на судии и јавни обвинители, Министерство за здравство, Министерство за внатрешни работи), преку организирање на координативни состаноци (предвидени се 5 вакви состаноци) со државните институции вклучени во имплементацијата на Националниот акциски план, од кои ќе произлезат извештаи, заклучоци, policy briefs, како и препораки за негова подобрена имплементација и да се идентифкуваат областите за подобрување.

Понатаму, преку проектот е предвидено да се организираат полугодишни јавни дијалози (2 во текот на годината) каде ќе се презентираат резулататите од следење на имплементацијата на Националниот акциски план за спроведување на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Со цел да се зајакнат капацитетите на институциите вклучени во имплементацијата на НАП-от, проектот ќе органзира и обуки за стандардите за Истанбулската конвенција, а заклучоците и анализите кои ќе произлезат од горенаведените активности ќе се искористат во креирањето обуки за чинителите. Испорачување на обуките не се дел од овој ангажман, но заклучоците и сознанијата добиени од активностите од овој ангажман ќе се земат предвид при дизајнирање на обуките и по потреба експертот ќе се контактира за советодавна улога.

Конкретен предмет на ангажманот ќе бидат:

  • -Организирање на и концепциско осмислување на координативните состаноци (види параграф 1)
  • -Организирање на полугодишните дијалози со партнерите и концепциско и содржинско осмислување ( параграф 2)
  • -Подготвување проектни продукти како: записници, policy и monitoring briefs, извештај кој ќе содржи препораки за подобрување на имплементацијата на Националниот акциски план за спроведување на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство
  • -Повремени консултативни средби со проектната координаторка при имплементација на проектните активности кои произлегуваат од оваа проектна компонента.

Сите заинтересирани лица треба да испратат понуда за потребен број на експертски денови за извршената работа и цена на чинење (вкупна или по експертски ден) кои се предмет на ангажманот во глава I oд овој повик.

III. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на македонски јазик. Условите и кретериумите за пријавување се следниве, CV -то треба да го демонстрира следново:

  • -Завршени додипломски или магистерски студии во областа на правото, политички науки, родови студии;
  • -Искуство до областа на заштита и превенција на родово- базирано/ семејно насилство;
  • -Познавање на домашните закони, но и меѓународните правни инструменти на зашатита од родово базирано/ семејно насилство и заштита од родово базирана дискриминација, посебно Истанбулската конвенција;
  • -Иксуство од наративно известување.
  • -Искуство од работа на меѓународни проекти како и работа со институции.

Покрај својата биографија, заинтересираните треба да испратат кратко мотивациско писмо и финансиска понуда за експертската работа и број на експертски денови.

Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk и копија до tanja.stoimenovska@mhc.org.mk со назнака „експерт за Истанбулска конвенција“ најдоцна до 19 мај (недела) 2019 година.

За сите дополнителни прашања можете да се обратите во канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија или на (2) 311 9073 и/или до наведените електронски адреси. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo