Corner Kumtesa

Повик за ангажман на експерт/ка за подготовка на методологија и обука за говор на омраза 02 Maj 2019

Нарачател: Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија

Проект: Зајакнување на механизмите на заштита против говорот на омраза

Донатор: National Endowment for Democracy (NED)

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, од октомври 2018 година, го спроведува проектот “Зајакнување на механизмите на заштита против говорот на омраза” финансиран од страна на National Endowment for Democracy (NED). Проектот се фокусира на унапредување на знаењето на полициските службеници во препознавање, спречување и справување со говорот на омраза. Исто така, во склоп на проектот, се реализираат активности за зајакнување на капацитетите на јавните обвинители за процесирање на предметите поврзани со говорот на омраза за обезбедување на ефективни превентивни механизми за жртвите од овој феномен. Главната цел на проектот е да се придонесе кон воспоставување на ефективни механизми на заштита на правата на граѓаните во контекст на слободата на изразување. Една од специфичните цели е унапредување на јавното знаење и разбирање на говорот на омраза преку ефективни механизми за заштита на граѓаните од говорот на омраза.

Оваа активност која е предмет на овој повик се однесува на зајакнување на капацитетите на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи за справување на случаите поврзани со говор на омраза на интернет и социјалните медиуми/мрежи. За таа цел се предвидува одржување на дводневна обука за вработените во Секторот (полициски службеници) кои ја спроведуваат истрагата за говор на омраза на интернет, особено социјалните мрежи (Фејсбук, Твитер, итн.).

Активноста предвидува обука на најмалку десет (10) учесници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика која ќе се одржи во Скопје, во првата половина од јуни 2019 година. Првиот ден предвидува теоретски преглед и објаснување на феноменот на говор на омраза, неговите елементи и содржина, како и методи за негово препознавање од страна на полициските службеници. Вториот ден од обуката се состои од практичен преглед на работата на Секторот врз основ на искуствата од поднесените претставки од страна на Хелсиншкиот комитет, како и преглед на практични примери на говор на омраза регистрирани од Комитетот.

II. ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАНОТ

Врз основ на горенаведеното, Хелсиншкиот комитет за човекови права има потреба од надворешен експерт/ка кој/која ќе подготви методологија за реализација на оваа активност.

За потребите на проектот, предметот на ангажманот се состои од:

  • -Методологијата за препознавање на говор на омраза која треба да опфати теоретски преглед на говорот на омраза на интернет, особено на социјалните медиуми, нивни елементи и индикатори за препознавање на овој феномен од страна на полициските службеници.
  • -Подготовка на курикулум врз основ на методологијата и испорака на еднодневна обука за најмалку 10 полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи како што е опишано во општите информации.
  • -Подготовка на помошни материјали (интерактивна презентација, методологија, дневен ред и содржина на презентацијата).

Сите заинтересирани лица треба да испратат понуда за потребен број на експертски денови и цена за елементите кои се предмет на ангажманот во глава I oд овој повик. Понудата се опишува во предлог-концептот за изработка на методологија и курикулум.

III. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на македонски јазик. Со оглед на материјата која се третира во овој проект, условите за пријавување се следниве:

  • -Завршени докторски студии во областа на правото, социологијата, антропологијата, психологијата, политичкитете науки и/или новинарството;
  • -Одлични истражувачки и презентациски вештини;
  • -Листа на објавени научни трудови и/или испорачани обуки поврзани со темата која е предмет на овој повик;
  • -Предлог-коцепт за изработка на методологија и курикулум (најмногу 700 зборови)

Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk и копија до aleksandar.jovanoski@mhc.org.mkи slavica.anastasovska@mhc.org.mkсо назнака „методологија и обука за говор на омраза“ најдоцна до 10 мај (петок) 2019 година до 17:00 часот. За сите дополнителни прашања можете да се обратите во канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија или на (2) 311 9073 и/или до наведените е-адреси. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-sq Normal___________alb Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-sq Normal_screenshot_2017-10-24_13.29.57